Нови 10 милиони евра директна поддршка за земјоделците
Дата на објава: 
4 Август 2017
2 (1).jpg

Владата на вчерашната седница донесе одлука за измени на Програмата за директна финансиска поддршка во земјоделство и на Програмата за рурален развој. Со овие измени, владата директно им излегува во пресрет на земјоделските производители со реализација на низа нови мерки од програмата на владата, уште во првите 100 дена. Станува збор за пакет за директна поддршка во износ од 10 милиони евра, пари кои ќе стигнат во рацете на овоштарите, лозарите, сточарите и поледелците, а тоа ќе значи и поддршка на домашното производство на храна.

 


Делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена до 15.08.2017 година
Дата на објава: 
4 Август 2017

Согласно член 57 став (4) од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ бр..64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15, 7/16 И 39/16),  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува

 

Поради високите температури во овој перид од годината, а со тоа и зголемена опасност од појава на шумски пожари,  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање на ЈП „Македонски шуми“,  а  врз основа на горенаведениот член од Законот за шумите, даде согласност за делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена во период од 15.07.2017 - 15.08.2017 година  која веќе беше објавена во јавноста.

Оваа согласност не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории.


Исплатени субвенции за сточарство,полјоделство, рибарство,тутун и за млад земјоделец
Дата на објава: 
3 Август 2017

Денеска се исплатија близу 330 милиони денари за субвенции за сточарство, полјоделство, рибарство, тутун и за млад земјоделец.

Од оваа сума околу 80 милиони денари се за субвенции за јагне, 88 милиони денари за крави, 20 милиони денари за млеко, за полјоделски култури се исплатени околу 54 милиони денари, за субвенции за свињи се исплатени 21 милиони денари, за кози 52 милиони денари.

Останатата сума што денеска се исплати е за субвенции по основ на корериграни сметки за тутун, но и за субвенции за рибарство и за млад земјоделец. Ве информираме дека во завршна фаза е обработката на решенијата за исплата на преостанатите субвенции за 2016 година.

Во следниот период Владата, континуирано ќе работи на навремена исплата на субвенциите, тогаш кога им се најпотребни на земјоделците.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави нота до хрватското Министерство за земјоделство
Дата на објава: 
3 Август 2017

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави нота до хрватското Министерство за земјоделство за стопирање на Правилникот за контрола при увозот на овошје и зеленчук донесен на 15 јули годинава. Ваква нота ќе биде доставена и до надлежните институции на Европската комисија во Брисел.

Со новиот Правилник што го донесе Хрватска за увоз на овошје и зеленчук, значајно се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук, што ќе влијае врз зголемување на крајната цена на чинење на производот. Со такви зголемени цени, македонското овошје и зеленчук ќе бидат неконкурентни на пазарот.

Република Хрватска, го донесе новиот Правилник за инспекциски надзор и контрола за усогласеност на овошјето и зеленчукот со пазарните стандарди на 15.07.2017 година. Со овој Правилник трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот се зголемуваат од досегашните 90 куни (12 €) по производ, на 2.000 куни (274 €) по производ.


Нови упатства за поефикасно и контролирано трошење на парите на МЗШВ
Дата на објава: 
1 Август 2017

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство донесе нови пет Упатства со кои се регулираат сегменти од работењето на институцијата во насока на подобрување на контролата на трошењето на буџетските средства, а во интерес на поефикасна искористестеност на човечкиот и институционален капацитет на министерството.


Syndicate content