Министерството за земјоделство преку амбасадите го интензивира извозот на зеленчук
Дата на објава:
2 Јуни 2011Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство по појавата на епидемијата од смртоносната бактерија ешерихија коли во повеќе европски земји, преку македонските амбасади во Косово, Албанија Хрватска и Украина презема мерки за интензивирање на извозот на зеленчук и овошје од Република Македонија. Министерството за земјоделство директно контактираше и со министрите за земјоделство од Република Словенија, Полска, Чешка, Словачка и Молдавија за да се обезбеди континуиран и непречен извоз на земјоделски производи, особено на овошје и зеленчук.
Водејќи се од европскиот принцип на следливост на производството ,,Од нива до трпеза,, Владата на Република Македонија и ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, со исклучителна посветеност и следење на светските и европските стандарди во производството гарантираат дека во производството на овошјето и зеленчукот и на другите земјоделски култури во Македонија се применуваат највисоките стандарди за квалитет и за безбедност.