Новости

Македонија ќе инвестира во опрема за рано прогнозирање временски непогоди
Дата на објава: 
7 Февруари 2017
Foto.png

Три милиони евра ќе вложи Македонија во опрема за брзо детектирање и најавување на временските неприлики, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Проектот веќе се подготвува, а целта е да обезбеди капацитет за обработка на огромен број информации кои треба да дадат што поточна прогноза.

- Таква опрема е неопходна за да можеме да собереме, а потоа и да обработиме, куп информации кои прецизно ќе ни кажат во кој правец се движат временските појави, што точно ќе се случува, што можеме да очекуваме и врз основа на тоа да преземеме соодветни мерки - изјави Цветков пред меѓународната конференција што ја организира УХМР.

Во тек е и набавка на ултра модерен компјутер кој, како што дополни дректорот на УХМР Оливер Ромевски, треба да пристигне во март годинава.

- Гледаме да ги направиме сите можни бај-пасови, а имаме план да се осовремениме во целост, почнувајќи од радари, за да бидеме конзистентни во се она што го даваме како информација - потенцира Ромевски.


Земјоделците бесплатно имаат на располагање 27 проекти за изградба на фарми и насади
Дата на објава: 
20 Јануари 2017
Pres.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви 27 стандардизирани проекти за изградба на сточарски фарми, мандри и силоси и за подигнување на овошни и лозови насади со кои земјоделците ќе можат да аплицираат за средства од ИПАРД 2 програмата и Програмата за рурален развој.

 

Министерот за земјоделство Михаил Цветков денеска на прес-конференција истакна дека проектите се бесплатни и оти може да ги добијат сите заинтересирани земјоделци. Проектите електронски ќе бидат доставени и до подрачните единици на Министерството за земјоделство.

 

- Изготвувањето на еден ваков проект чини од пет до десет илјади евра. Со ова им помагаме на земјоделците да не даваат пари за изготвување на вакви проекти, рече министерот Цветков.

 

Проектите ги содржат сите потребни елементи за изградба на една фарма и за подигнување на насади и колку ќе чини таа инвестиција.

 


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ УВЕРЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ СТОПАНСКИ РИБОЛОВ
Дата на објава: 
12 Декември 2016

Се известуваат сите заинтересирани кандидати дека на 29 Декември 2016 година, со почеток во 08:00 часот, во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје, ќе се одржи полагање на испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов (теоретски дел).

Заинтересираните кандидати за полагање на испитот треба да се државјани на Република Македонија и да се полнолетни. Барањето за полагање на испитот се поднесува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до среда 14.12.2016 година. Кон барањето се приложуваат потребните докази за исполнување на условите и тоа:

-          уверение за државјанство;

-          фотокопија од лична карта; и

-          уплатница за уплатени средства како надомест за трошоци за полагање на испитот.


Министерот Цветков засади црн бор во Тетовско
Дата на објава: 
30 Ноември 2016
Foto.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска во рамки на акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина" посади дрвце во месноста Брдце над селото Сиричино, општина Јегуновце каде на околу шест хектари беа засадени околу 15 илјади садници црн бор.

 

- Ова е 18-та по ред акција Ден на дрвото – засади ја својата иднина. Оваа година планираме да засадиме 2,6 милиони садници првенствено околу населените места и градовите каде имаме најголемо загадување. Во Скопје и неговата околина планирани се еден милион садници, Тетово и Кичево со по сто илјади садници, во Битола околу двеста и педесет илјади садници, изјави Цветков.

 

Се работи, нагласи, за садници постари од три години, а на други шеесет локации ќе се засадaт остатокот од над еден милион садници.

 


Цветков во Чешиново на промоција на резултатите на оризово поле од системот капка по капка
Дата на објава: 
18 Ноември 2016
Cesinovo.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков во присуство на оризопроизводители ги промовираше резулатите од првото и единствено поле со ориз во Македонија наводнувано со систем „капка по капка“ во сопственост на Јорданчо Лефков.

-За македонското земјоделство да биде конкурентно клучно е земјоделците да инвестираат во нови технологии како системите капка по капка за едногодишни култури. Новиот начин на наводнување овде во Чешиново резултираше со заштеда на вода од 40 проценти, заштеда на време од 650 отсто (218 работни часови), олеснет процес на хемиска заштита, значително намалување на плевелот, зачувување на хранливи материи во почвата и намалување на емисијата на стакленички гасови од полето. Дополнително, овој начин на наводнување отвора можност за производство на органски ориз кој не се произведува во Македонија, а за кој има голема побарувачка во Европа, истакна министерот Цветков.


Syndicate content