Министрите од регионот донесоа заеднички заклучоци за новиот Правилник на Хрватска за увоз на зеленчук и овошје
20622240_2017987688422760_1057443406746873845_n.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и надлежните министри од Босна и Херцеговина Мирко Шаровиќ , од Република Србија Расим Љајиќ, и од  Црна Гора Драгица Секулиќ, на денешниот итен состанок во Сараево донесоа неколку заклучоци  во врска со новиот хрватски Правилник за увоз на свежо овошје и зеленчук. Заклучоците со потпис од сите министри кои присуствуваа на состанокот ќе бидат испратени во Европската Комисија во Брисел.

Министрите ја повикуваат Хрватска итно да ги укине диркиминаторските одредби од Правилникот, а трошоците за инспекцискиот надзор да се сведат на нивната реална висина. Воедно министрите потписници бараат оваа недела да се одржи итен состанок со надлежните министри од Хрватска, а при тоа да се има во предвид дека секое одложување за изнаоѓање на решение ќе предизвика значителни последици врз производителите од земјите од регионот,  со оглед на тоа дека сето ова се случува во период кога има зголемен извоз на сезонско овошје и зеленчук.


Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана за движење во шуми
Дата на објава: 
7 Август 2017

Поради високите температури во овој период од годината, како и поради појавата на голем број на шумски пожари,  врз основа на член 57 став 3  од Законот за шумите  („Сл.весник на РМ“ бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 ,44/15, 147/15, 7/16, и 39/16 ) Субјектите кои стопанисуваат со шумите и сопствениците на шуми во согласност со Органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството можат целосно или делумно да забранат движење во шумата или оделни нејзини делови или работи кои се изведуваат во шума.

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство забранува целосно  движење во шумите, без оглед на нивната намена. Забраната започнува да важи од 05.08.2017 година и ке трае  се до нејзино отповикување.

Оваа забрана  не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми,  шуми со специјална намена споменици на природата и сл) .

 


ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/17 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари
Дата на објава: 
6 Август 2017

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.01/17 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари  (“Службен весник на Република Македонија“ бр.100/17), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува :

 

ЈАВЕН   ОГЛАС бр.01/17

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари

 

I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина  од 866ха 75ар 56м2  и  тоа за следните региони во Република Македонија: Неготино,Берово,Пробиштип,Кисела Вода,Кичево,Прилеп.

 

Додаток за преземање со детали за огласот:

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/17 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари
Дата на објава: 
6 Август 2017

Врз основа на член 21-а став 1 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.02/17 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање (“Службен весник на Република Македонија“ бр.100/17), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува

 

ЈАВЕН   ОГЛАС бр.02/17

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање

 

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 595ха40ар 38м2воследните региони во Република Македонија: Виница,Битола,Гевгелија,Ресен,Струга,Кавадарци,Кратово,

Кочани.

 

Додаток за преземање со детали за огласот:

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство забранува целосно движење во шуми, без оглед на нивната намена.
Дата на објава: 
5 Август 2017

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство забранува целосно движење во шумите, без оглед на нивната намена. Забраната започнува да важи од 05.08.2017 година и ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа одлука не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл).

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски беше на теренот кој беше опожарен во с. Моране, Скопско.

 


Syndicate content