Дата на објава:
3 Јуни 2011Годинава се очекува повисок принос пченица за околу 10 отсто во споредба со лани, зошто освен што се насеани 4 до 5 илјади хектари повеќе, интензивно се применуваат современи агротехнички мерки, а земјоделците се повеќе употребуваат квалитетен семенски материјал. Владините мерки кои предвидуваат и зголемување на субвенциите, се насочени токму кон намалување на досегашната увозна зависност од лебно жито.
Ова го истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната манифестација „Ден на пченицата“ што ја организира „Агроунија“ - Скопје под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Во 2010 просечниот принос пченица беше 2,9 тони на хектар, а годинава со оглед на квалитетниот семенски материјал што беше искористен, очекуваме 3,2 тони. Ова секако е добро, но не е доволно. Македонија, за жал, е се уште увозно зависна за покривање на потребите од лебно жито, изјави министерот Димовски.