Соопштенија

Забрането палење на стрништата како превентива од пожари
Дата на објава: 
14 Јули 2011
Bubo-1.jpg

Поради опасноста од пожари, како последица на високaта температура, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство апелира граѓаните крајно внимателно да се движат во шумите. Секоја евентуална појава на пожар, граѓаните можат да ја пријават на отворената телефонска линија 02-155-22 на  јавното претпријатие ,,Македонски шуми,, како и во противпожарните станици, во единиците на локалната самоуправа, полицијата и во Дирекцијата за заштита и спасување.

Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои  ќе се затекнат како се движат во шума за време на забраната за движење во шума која што ја донесува корисникот или сопственикот на шумата, а ако за тоа нема добиено одобрение од него се движи од 2 до 3 илјади евра.

Казната за правните лица кои не преземале мерки за заштита  на шумите од пожари изнесува од  15 до 20 илјади евра.


Состанок со економските промотори во странство
Дата на објава: 
14 Јули 2011
Zamenik ekonomski promotori 005.jpg

Промоцијата на македонските земјоделско-прехранбни производи се фокусира во две насоки. Првата е привлекување на директните странски инвестиции во домашниот сектор, а втората е зголемување на извозот особено со отворање на нови атракстивни пазари надвор од традиционалните, истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски на презентацијата за потенцијалите на земјоделството пред економските промотори во странство. На презентацијата на промоторите им беа потенцирани приоритетите и пакетите на поволности за странските инвеститори понудени од Владата на РМ кои треба да го олеснат патот до реализацијата на инвестициите во земјоделскиот сектор и можностите за понатамошно зголемување на извозот и негова диверсификација на нови дестинации како Кина, Русија, Блискиот Исток и др.


Втор состанок на Управен комитет за проектот ,,Развој и спроведување на агро - еколошки мерки ,,
Дата на објава: 
27 Јуни 2011
Agroekoloski merki 001.jpg

Република Македонија како кандидат за членство во Европската Унија е целосно посветена на прилагодувањето кон  aquis communitaire на ЕУ во сите области на земјоделскиот сектор, што вклучува и заштита и зачувување на природната животна средина во процесот на земјоделското производство. Токму во таа насока се и агро еколошките мерки кои поддржуваат иницијативи за одржување или менување на секојдневните практики на управување со производствениот процес, со цел да се обезбеди соодветен еколошки бенефит, истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешниот втор состанок на Управен комитет за проектот ,,Развој и спроведување на агро - еколошки мерки ,,.

 


Македонскиот зеленчук е безбеден за исхрана
Дата на објава: 
18 Јуни 2011
 холи 007.jpg

Во македонскиот зеленчук нема присуство на бактеријата ешерихија коли. Безбеден е и сосема исправен за консумирање, порачаа денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.

Агенцијата, како што истакнаа Димовски и Рунтевски на прес-конференција, изминатите 10 дена спроведе вонредни контроли на преку 40 примероци зеленчук земени по случаен избор од малопродажбата и директно од оранжериските прозводители. Резултатите покажуваат дека доматите и краставиците се безбедни за исхрана  за јадење.

- Изминатава година во рамки на ЕУ, Македонија, како трета земја, беше втор извозник на краставица. Тоа доволно зборува за квалитетот и безбедноста на нашите производи, нагласи Рунтевски.


Барање за упис во регистар на откупувачи на земјоделски производи
Дата на објава: 
16 Јуни 2011

Syndicate content