Новости

Делумна забрана за движење во шумите поради опасност од пожари
Дата на објава: 
13 Јули 2017
Foto.jpg

Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во координација со ЈП „Македонски шуми“, воведува делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена.

Делумната забрана важи за периодот од 15.07.2017 година до 15.08.2017 година.

Оваа одлука не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како што се Националните паркови, Парк шумите, шуми со специјална намена споменици на природата и слично.

Одлуката исто така не важи и за организирана група на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и Националните паркови и  Парк шумите. Но, туристичката тура ќе биде во придружба на претставник од ЈП „Македонски шуми“, Националните паркови и Парк шумите.


Средба на министерот Николовски со производителите на пченица
Дата на објава: 
12 Јули 2017
19956318_2003866603168202_8907647678354725505_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заменик-министерот Власте Димковиќ и претставниците од Секторската група за пченица при МЗШВ, денеска се сретнаа со производители на пченица и на јачмен. На средбата се разгледаа сите опции и можности, како да се ублажат штетите од годинешната лоша жетва. Земјоделците понудија неколку мерки кои според нив ќе им помогнат во покривање на штетите.

Министерот Николовски порача дека детално ќе се разгледаат сите барања на земјоделците и во најскоро време ќе се донесат соодветни мерки кои ќе дадат најдобар ефект и ќе им бидат од помош на производителите на пченица и јачмен, но и мерки кои ќе можат најбрзо да се реализираат. Преземените мерки ќе зависат од состојбата на терен.

Според податоците засеани се 76.400 хектари пченица, од кои се очекува  производство од 170.000 до 190.000 тони. Во земјава има 63 регистрирани откупувачи.


Николовски: Отвораме интензивен дијалог со земјоделците
Дата на објава: 
9 Јуни 2017
20170609_111920.jpg

Од денеска отвораме интензивен дијалог со земјоделците. Сакаме да ги слушнеме нивните предлози, сугестии, размислувања,... Само така, со постојани, конзистентни, искрени разговори, ќе дојдеме до квалитетни решенија, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

 

Пред неговата прва средба со производителите во Министерството, Николовски најави дека приоритет на новите владини политики ќе биде воведувањето зелена нафта и исплатата на субвенциите. Ќе се анализира, рече, и работењето на Платежната агенција за да се утврди одговорност, односно да се прецизира кои се причините за блокираната распределба и за се уште непочнатото аплицирање за годинашната поддршка.

 

Според него, треба да се доисплатат вкупно 3,5 милијарди денари од кои околу 1,5 милијарди за тутунот, а проектираното зголемување на 160 милиони евра останува како една од главните определби. Неделава, дополни, исплатата продолжи и се префрлени 439 милиони денари.

 


Николовски: Ќе работам чесно, транспарентно и одговорно
Дата на објава: 
1 Јуни 2017
P6010001.JPG

Ќе работам чесно, искрено и одговорно, со апсорбирање на сите професионални, стручни капацитети, без разлика на нивната партиска или друга определба, изјави денеска Љупчо Николовски откако и официјално ја презеде функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Треба, рече, со сите сили да се насочиме кон креирање издржливи политики во земјоделството кое е исклучително значаен сегмент од македонската економија.

 

Николовски најави дека ќе бидат поддржани сите проекти што се во интерес на земјоделците, а за тоа, нагласи, ќе му биде потребна помош од вкупните расположливи потенцијали, човечки и технички.

 


Стартуваше проектот на ДФЛ „Со знаење полесно до практична работа и работно место“
Дата на објава: 
28 Април 2017
DFL.jpg

Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) на 28 април го започна циклусот на соработка со средните училишта, област хемија и биохемија, насловен „Со знаење полесно до практична работа и работно место“.

Во рамките на овој проект, први ДФЛ ја посетија учениците од скопската гимназија „Ѓорѓи Димитров“. Тие, на почетокот кусо се запознаа со работата на лабораторијата и нејзината мисија да се грижи за пласман на безбедни земјоделски производи и нивни преработки. Потоа, следуваше запознавањето со лабораториите, поединечно за секоја област на работа, нивната поставеност, персонал, како и начинот на функционирање.


Syndicate content