Исплатени над 5,7 милиони евра субвенции за земјоделците
Дата на објава: 
18 Август 2017

Со промените кои настанаа во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и назначувањето на новиот в.д. директор м-р Николче Бабовски, Агенцијата со исклучитела заложба продолжува да ги извршува надлежностите утврдени со закон. Денес се исплатија 354.700.000 денари или над 5,7 милиони евра финансиска поддршка за следните намени: за одржување на земјоделски површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, произведен сертифициран семенски и саден материјал, заклани гоеници, бројлери и амортизирани несилки во кланица, продадени градинарски култури во преработувачки капацитети како и за рурална инфраструктура.

Вкупно за само два месеци се исплатени околу 55,7 милиони евра субвенции за земјоделците.

 

Имајќи ја в предвид заложбата на Владата на Република Македонија за развој на земјоделството и обезбедување на континуирана поддршка на доходот на земјоделските стопанства, исплатата на субвенциите ќе продолжи следниот период за сите земјоделци кои поднеле барање и ги исполниле пропишаните услови.


Министерот Николовски одржа работен состанок со претставниците на винарските визби
Дата на објава: 
17 Август 2017
20914311_2022602301294632_6482032935749301411_n.jpg

Во пресрет на откупот на грозјето, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска имаше работен состанок со претставници на најголемите винарски визби од земјава. На состанокот беа презентирани состојбите со бербата на грозје и плановите за откуп на винското грозје. Винарските визби ги посочија проблемите со кои се соочуваат, како неликвидност, големи залихи и други проблеми кои се години се напластувале, а не се нашло решение. Сепак од винарските визби посочија дека грозјето од годинешната реколта ќе биде целосно откупено. Министерот Николовски изјави дека годинава не се очекуваат проблеми со откупот.


Се враќа делумната забрана за движење во шуми, целосната забрана останува само за Македонски Брод и Чашка
Дата на објава: 
15 Август 2017

Според првичните податоци од Јавното претпријатие Македонски шуми, овој месец се регистрирани 56 пожари, а опожарени се 4.000 хектари. Од овие пожари, досега е завршена постапката за 22 пожари, од кои што штетата е околу 1 милион евра. Првичните анализи покажуваат дека дел од пожарите се подметнати, а дел се предизвикани од невнимание. Министерството за внатрешни работи, веќе има поднесено кривични пријави против две лица, посебен извешај за едно лице и записиници за две лица, поради постоење сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување шумски пожари“ во регионот на Македонски Брод.


Средба на министерот Љупчо Николовски со амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли
Дата на објава: 
14 Август 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо  Николовски, денеска оствари средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли. На средбата присуствуваше и директорот на техничката канцеларија на УСАИД, Едвард Гонзалес. На средбата се разговараше за моменталната состојба со шумските пожари и за мерките што ги презема Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство но и другите надлежни институции за справување со пожарите. Амбасадорот Џес Бејли, изрази интерес за меѓуинституционалната координација во справувањето со вакви кризни состојби како што се пожарите.


За два месеци исплатени 50 милиони евра, до крајот на месецот целосна реализација на субвенциите
Дата на објава: 
14 Август 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, информираше дека за два месеци се исплатени околу 50 милиони евра субвенции за земјоделството. За реализација остануваат неполни 15 милиони, за кои решенијата се веќе подготвени. До крајот на месецот се очекува поддршката да биде префлрена во целост, информираше денеска министерот за земјоделсво,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Во однос на преостанатите 15 милиони евра, министерот рече дека се работи за субвенции за земјоделци кај кои контролите покажале несовпаѓање на пријавеното со состојбата на терен.

-Оние производители кои поради некоја причина нема да добијат субвенции, да се обратат до Платежната агенција за да се детектира проблемот и да се надмине, изјави Николовски и најави дека Министерството ќе воспостави систем на навремена исплата.

Минисерот Николовски, информираше и дека до крајот на годината, до 31 декември, ќе бидат исплатени и дополнителните шест милиони евра поддршка, за млад земјоделец и за подигање нови повеќегодишни насади.


Syndicate content