Соопштенија

Бесплатниот телефон 195 отворен и за пријавување на шумски пожари
Дата на објава: 
20 Јули 2011

Секторот за аналитика и истражување при Дирекцијата за заштита и спасување, врз основа на прогнозата на времето на Управата за хидометеоролошки работи, за утре, четврток, 21.08.2011 година, информира дека поради превенција од настанување на шумски пожари, припадниците на територијалните противпожарни единици и подрачните  одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување ќе бидат на ниво на најголема мобилност во неколку региони. Засилени контроли и набљудување на теренот ќе се врши во битолскиот, демиркапискиот, кавадаречкиот, кумановскиот и во регионите кои ги покрива метеоролошката станица Лазарополе. Исто така, нивото на готовност ќе биде подигнато и во валандовскиот регион, во гостиварско, како и во околината на Радовиш, Скопје, Струмица и Велес.


Известување
Дата на објава: 
19 Јули 2011

Се известуваат сите понудувачи кои доставиле понуди по Јавен  конкурс бр_05 за давање на дивечот во ловиштата на користење по пат на концесија во реоните Кавадарци, Берово, Свети Николе, Куманово, Струга, Кратово, Ресен, Кичево, Радовиш и Велес, дека јавното отварање на понудите ќе биде на ден 04.08.2011 година во 12 часот, сала за состаноци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул. Јуриј Гагарин 15, Скопје-Македонија).

Овластените претставници на понудувачите на јавното отворање треба да носат овластување потпишано од одговорното лице на понудувачот.

 

Комисијата за спроведување на постапката

за давање на дивечот на концесија


Работен состанок на министерот за земјоделство, Љупчо Димовски со кинеска делегација
Дата на објава: 
18 Јули 2011
photo.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Скопје  одржа работен состанок со претставници на двете најголеми кинески компании од тутунската индустрија, г-дин Wu Yi - претседател на Hongyunhonghe Tobacco Group, г-ѓа Jin Ying – заменик директор на Yunnan Tobacco International Group, претставници од австриска посредничка компанија Weswaldi и генералниот директор на Тутунски комбинат Прилеп г-дин Александар Дерменџиев.

На состанокот компаниите се претставија и се разговараше за лиценцно производство на брендот цигари “99“ и брендот “Јин Јан“ – најпродаваните цигари во Кина кои би биле само за извоз.

Производството на овие два бренда ќе се одвива во Тутунски комбинат Прилеп и ќе биде само за извоз.

Министерот Димовски нагласи дека доколку е потребна било каква подршка министерството ќе излезе во пресрет во рамките на своите надлежности.


Од утре почнуваат ИПАРД информативните денови за граѓаните
Дата на објава: 
17 Јули 2011

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, од утре, понеделник, 18.07.2011 година до 26.07.2011 година ќе одржат ИПАРД информативни денови за запознавање на земјоделците и компаниите со можностите за користење на средства од ИПАРД Програмата  за 2007-2013 година. Бесплатни совети и стручна помош сите заинтересирани субјекти за аплицирање за ИПАРД ќе можат да добијат и на отворената телефонска линија 02 -3- 110-887 на Телото за управување со ИПАРД, како и лично на адеса  улица ,,Даме Груев,, блок 2,локал 5  (позади зградата на Собранието на Република Македонија).

Исто така, за бесплатни совети и стручна помош околу подготовката на апликациите, граѓаните можат да се обратат и во  регионалните канцеларии на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството.


Стапија во сила повеќе Правилници кои произлегуваат од Законот за земјоделското земјиште
Дата на објава: 
14 Јули 2011

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ГОДИШНИОТ  ИЗВЕШТАЈ ЗА НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЗАКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА БИЗНИС ПЛАНОТ

 

ПРАВИЛНИК ЗА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ГРАДЕЊЕ НА ПОМОШНИ ОБЈЕКТИ, ОРАНЖЕРИЈА ИЛИ ОБЈЕКТ ЗА ПРИМАРНА ОБРАБОТКА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ, ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ

ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА РАЗМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

ПРАВИЛНИК ЗА ПОСТАПКАТА ЗА ВРЕМЕНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ЗАПИСНИКОТ ЗА ОТВАРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ И ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ

 


Syndicate content