Новости

Исплатени субвенции за сточарство,полјоделство, рибарство,тутун и за млад земјоделец
Дата на објава: 
3 Август 2017

Денеска се исплатија близу 330 милиони денари за субвенции за сточарство, полјоделство, рибарство, тутун и за млад земјоделец.

Од оваа сума околу 80 милиони денари се за субвенции за јагне, 88 милиони денари за крави, 20 милиони денари за млеко, за полјоделски култури се исплатени околу 54 милиони денари, за субвенции за свињи се исплатени 21 милиони денари, за кози 52 милиони денари.

Останатата сума што денеска се исплати е за субвенции по основ на корериграни сметки за тутун, но и за субвенции за рибарство и за млад земјоделец. Ве информираме дека во завршна фаза е обработката на решенијата за исплата на преостанатите субвенции за 2016 година.

Во следниот период Владата, континуирано ќе работи на навремена исплата на субвенциите, тогаш кога им се најпотребни на земјоделците.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави нота до хрватското Министерство за земјоделство
Дата на објава: 
3 Август 2017

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави нота до хрватското Министерство за земјоделство за стопирање на Правилникот за контрола при увозот на овошје и зеленчук донесен на 15 јули годинава. Ваква нота ќе биде доставена и до надлежните институции на Европската комисија во Брисел.

Со новиот Правилник што го донесе Хрватска за увоз на овошје и зеленчук, значајно се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук, што ќе влијае врз зголемување на крајната цена на чинење на производот. Со такви зголемени цени, македонското овошје и зеленчук ќе бидат неконкурентни на пазарот.

Република Хрватска, го донесе новиот Правилник за инспекциски надзор и контрола за усогласеност на овошјето и зеленчукот со пазарните стандарди на 15.07.2017 година. Со овој Правилник трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот се зголемуваат од досегашните 90 куни (12 €) по производ, на 2.000 куни (274 €) по производ.


Исплатени субвенции за овошни и лозови насади, и за штети од поплавите во Гази Баба
Дата на објава: 
31 Јули 2017

Денеска се исплатија 82 милиони денари за субвенции за овошни и лозови насади и за штетите од ланските поплави во општина Гази Баба. Од вкупната исплатена сума, 28 милиони денари се за субвенции за одржување на овошни насади за 544 овоштари. Осум милиони денари се исплатија за субвенции за одржување на лозови насади за 252 земјоделци. А останатите 46 милиони денари се за надомест на штети од поплавите што се случија во 2016 година во општина Гази Баба, поточно за штети на пластеници и за повеќегодишни насади.

Ве информираме дека во завршна фаза е обработката на решенијата за исплата на преостанатите субвенции за 2016 година.


На почеток на следната недела, субвенции за овоштарите
Дата на објава: 
28 Јули 2017

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство е свесно за состојбата во која што се наоѓаат овоштарите од Преспанскиот регион. Токму затоа се прават напори да се излезе во пресрет на земјоделците и на нивните барања.

Едно од нивните барање и причина за револт се дел од неисплатените субвенци, и затоа ги информираме  дека денеска се изготвени решенијата за исплата на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари, пари кои производителите ќе ги добијат на почетокот на следната недела.

Што се однесува околу исплатата на обештетувањето за ланските пролетни мразеви во Преспанскиот регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  подготви Информација која ќе се разгледува на една од следните владини седници.

 

Воедно, ги информираме и останатите земјоделци, дека освен за овоштарство, изготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата и на овие субвенции ќе биде на почетокот на следната недела.

 


Се расчистуваат долговите за членарини во меѓународните институции
Дата на објава: 
17 Јули 2017

Новата Влада и ние како Министерство за земјоделство, шумарство и  водостопанство, започнуваме да ги расчистуваме сите долгови што ги има Македонија по основ на неплатени членарини во меѓународни организации  - членарини кои досега поранешната Влада не ги плаќала. Затекнавме неплатени фактури за неколку години за членарините во Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО), Меѓународната организација за вино, Европската и медитеранска организација за заштита на растенија и Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG). Со неплаќањето на членарините на Македонија не само што и се нарушил имиџот пред Меѓународните организации, туку и се заканува опасност од губење на право на глас во овие организации, дури и исклучување.

 


Syndicate content