Министерот Николовски ќе учествува на Форумот за агро-трговија и економска соработка во Словенија
Дата на објава: 
24 Август 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, од денеска  до 26-ти август, ќе учествува на 12-иот  „Форум за агро-трговија и економска соработка помеѓу земјите од Централна и Источна Европа и НР Кина“, што годинава се одржува во Брдо кај Крањ, Словенија.  Форумот е во рамки на 55-тото издание на Саемот за храна и земјоделство „AGRA FAIR 2017“ што се одржува во Горња Радгона, Словенија.

Како клучен настан кој годинава ќе го одбележи саемот е токму официјалната средба во рамките форумот и на иницијативата „16+1“ помеѓу земјите од Југоисточна Европа и Народна Република Кина,.

 

На утрешниот состанок министрите за земјоделство од Централна и Источна Европа и од НР Кина, ќе ја промовираат иницијативата „16+1“ чиј што дел е и Република Македонија, со цел да се зајакне билатералната и мултилатералната размена и да се даде заеднички одговор на главните предизвици за понатамошен развој на трговијата со земјоделски производи помеѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа.


Државната фитосанитарна лабораторија доби нова лабораториска опрема преку ИПА Програмата
Дата на објава: 
23 Август 2017
20953914_2025284814359714_6393704708063476189_n.jpg

Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) која е орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, доби нова лабораториска опрема, односно  течен хроматограф со троен квадрипол детектор на маси. Набавката на оваа лабораториска опрема е преку ИПА програмата.

Оваа соврмена оперма е наменета за анализа на резидуи од пестициди во органското и во конвенционалното произвоство. Со опремата ДФЛ  ја  имплементираше мулти-резидуалната метода,  која има можност да покрие над 220 резидуи од пестициди, што ја прави една од водечките  лаборатории во Македонија како и во регионот. Новата лабораториска опрема и начинот на фунционирање, денеска им беше презентирана на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и потпретседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Министерот Николовски најави дека во тек е тендерска постапка  за набавка на нова опрема за Државната фитосанитарна лабораторија преку ИПА 2 Програмата.

 


По осум години МЗШВ изврши авионско снимање на целата територија на Република Македонија
Дата на објава: 
22 Август 2017
Slika_1.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во периодот јуни – средина на август 2017 година, по втор пат после 2009-та година, изврши авионско снимање на целата територија на Република Македонија. Согласно Европските регулативи и препораки авионските снимки се основа за функционирање на Системот за идентификација на земјишни парцели (СИЗП). Со просторната идентификација на земјишни парцели се определуваат границите и големината на обработливата површина за која земјоделците аплицираат за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. На овој начин, ќе се овозможат прецизни контроли од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во однос на површините кои земјоделците ги пријавуваат за субвенции и фактичката состојба на терен.


Во пресрет на откупот на грозјето министерот Николовски одржа состанок со лозарите
Дата на објава: 
21 Август 2017
20882931_2024419094446286_4808665996147800879_n.jpg

Во пресрет на годинешниот откуп на грозје, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска одржа состанок со производители на грозје. На состанокот лозарите ги изнесоа своите барања во однос на годинешните откупни цени на грозјето и ги посочија проблемите со кои се соочуваат .

Барањата на лозарите се годинешната откупна цена на сортата смедеревка да биде 13 денари за килограм, а на сортата  вранец 15 денари за килограм, а со зголемување на шеќерните единици да се зголемува и откупната цена. Поради лошите временски услови односно измрзнувањето на лозјата во некои региони, лозарите побараа намалување на надоместокот за водарина. Воедно дел од барањата на производителите на грозје беа во насока на зајакнување на контролите на инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство на откупните пунктови.


Потпишан договорот за проектот за Реонизација на земјоделското производство
Дата на објава: 
19 Август 2017
DSC_4589.JPG

Министерот  за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, го потпиша  Проектот за реонизација (агро-еколошко зонирање) на земјоделското производство според почвено-климатските услови на реоните во Република Македонија. Се работи за проект кој што ќе се спроведува со техничка поддршка на ФАО во износ од 355.000 долари, во времетраење од две години. Реализацијата на проектот ќе започне следниот месец. Во моментов се формира стручниот тим кој ќе биде мултидисциплинарен бидејќи се работи за комплексен проект за кој е потребна експертиза од повеќе области.


Syndicate content