Новости

Надминат проблемот со Хрватска, регионот здружен да се почитуваат правилата
Дата на објава: 
10 Август 2017

Веста за повлекување на новиот и враќање на стариот Правилник е објавена на  официјалната веб страна на Министерството за земјоделство на Хрватска. Со враќањето на стариот Правилник,  трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот од трети земји остануваат  90 куни (12 €) по производ.

Одлуката на Хрватска доаѓа по само три дена од заедничкиот состанок на надлежните министри од Република Македонија, од Србија, од Босна и Херцеговина и од Црна Гора , што се одржа во понеделникот во Сараево. На состанокот беа донесени заеднички заклучоци и истите беа пратени до Европската Комисија и до Хрватска.

Повлекувањето на правилникот е резултат на брзата реакција на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на РМ, со цел што поскоро да се најде решение за проблемот со кој се соочија македонските извозници во Хрватска, по најавите за зголемување на трошоците за контроли при извоз во оваа земја.


Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана за движење во шуми
Дата на објава: 
7 Август 2017

Поради високите температури во овој период од годината, како и поради појавата на голем број на шумски пожари,  врз основа на член 57 став 3  од Законот за шумите  („Сл.весник на РМ“ бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 ,44/15, 147/15, 7/16, и 39/16 ) Субјектите кои стопанисуваат со шумите и сопствениците на шуми во согласност со Органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството можат целосно или делумно да забранат движење во шумата или оделни нејзини делови или работи кои се изведуваат во шума.

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство забранува целосно  движење во шумите, без оглед на нивната намена. Забраната започнува да важи од 05.08.2017 година и ке трае  се до нејзино отповикување.

Оваа забрана  не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми,  шуми со специјална намена споменици на природата и сл) .

 


ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/17 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари
Дата на објава: 
6 Август 2017

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.01/17 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари  (“Службен весник на Република Македонија“ бр.100/17), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува :

 

ЈАВЕН   ОГЛАС бр.01/17

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари

 

I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина  од 866ха 75ар 56м2  и  тоа за следните региони во Република Македонија: Неготино,Берово,Пробиштип,Кисела Вода,Кичево,Прилеп.

 

Додаток за преземање со детали за огласот:

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/17 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари
Дата на објава: 
6 Август 2017

Врз основа на член 21-а став 1 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.02/17 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање (“Службен весник на Република Македонија“ бр.100/17), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува

 

ЈАВЕН   ОГЛАС бр.02/17

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање

 

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 595ха40ар 38м2воследните региони во Република Македонија: Виница,Битола,Гевгелија,Ресен,Струга,Кавадарци,Кратово,

Кочани.

 

Додаток за преземање со детали за огласот:

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Нови 10 милиони евра директна поддршка за земјоделците
Дата на објава: 
4 Август 2017
2 (1).jpg

Владата на вчерашната седница донесе одлука за измени на Програмата за директна финансиска поддршка во земјоделство и на Програмата за рурален развој. Со овие измени, владата директно им излегува во пресрет на земјоделските производители со реализација на низа нови мерки од програмата на владата, уште во првите 100 дена. Станува збор за пакет за директна поддршка во износ од 10 милиони евра, пари кои ќе стигнат во рацете на овоштарите, лозарите, сточарите и поледелците, а тоа ќе значи и поддршка на домашното производство на храна.

 


Syndicate content