Дата на објава:
19 Август 2011Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчo Димовски од денеска е во дводневна посета на Словенија, по повод отворањето на Агра - 49 Меѓународен саем за земјоделство и храна во Горна Радгона, Словенија.
Министерот Димовски во текот на денешниот ден ќе одржи билатерална средба со својот словенечки колега министер за земјоделство,шумарство и храна Дејан Жидан.
Теми на билатералната средба ќе бидат,текот на реализацијата на билатералните договори во земјоделството,предлози за идната година како и за ажурирање на податоците на словенечки компании заинересирани за вложување во откупно-дистрибутивни центри за овошје и зеленчук во Македонија.