Дата на објава:
18 Август 2017Со промените кои настанаа во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и назначувањето на новиот в.д. директор м-р Николче Бабовски, Агенцијата со исклучитела заложба продолжува да ги извршува надлежностите утврдени со закон. Денес се исплатија 354.700.000 денари или над 5,7 милиони евра финансиска поддршка за следните намени: за одржување на земјоделски површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, произведен сертифициран семенски и саден материјал, заклани гоеници, бројлери и амортизирани несилки во кланица, продадени градинарски култури во преработувачки капацитети како и за рурална инфраструктура.
Вкупно за само два месеци се исплатени околу 55,7 милиони евра субвенции за земјоделците.
Имајќи ја в предвид заложбата на Владата на Република Македонија за развој на земјоделството и обезбедување на континуирана поддршка на доходот на земјоделските стопанства, исплатата на субвенциите ќе продолжи следниот период за сите земјоделци кои поднеле барање и ги исполниле пропишаните услови.