Министерот Николовски ќе учествува на Форумот за агро-трговија и економска соработка во Словенија
Дата на објава:
24 Август 2017Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, од денеска до 26-ти август, ќе учествува на 12-иот „Форум за агро-трговија и економска соработка помеѓу земјите од Централна и Источна Европа и НР Кина“, што годинава се одржува во Брдо кај Крањ, Словенија. Форумот е во рамки на 55-тото издание на Саемот за храна и земјоделство „AGRA FAIR 2017“ што се одржува во Горња Радгона, Словенија.
Како клучен настан кој годинава ќе го одбележи саемот е токму официјалната средба во рамките форумот и на иницијативата „16+1“ помеѓу земјите од Југоисточна Европа и Народна Република Кина,.
На утрешниот состанок министрите за земјоделство од Централна и Источна Европа и од НР Кина, ќе ја промовираат иницијативата „16+1“ чиј што дел е и Република Македонија, со цел да се зајакне билатералната и мултилатералната размена и да се даде заеднички одговор на главните предизвици за понатамошен развој на трговијата со земјоделски производи помеѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа.