Соопштенија

СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
23 Септември 2011

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство соопштува дека се поништува јавениот Огласот  05/11 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Се поништува јавениот Оглас 05/11 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за регионите: Куманово, Кавадарци, Радовиш, Свети Николе, Гевгелија, Крива Паланка и Ресен,објавен во дневниот печат на ден 13.09.2011 година.


Владата финансиски ќе ги поддржи градинарите со дополнителни 2 милиони евра
Дата на објава: 
21 Септември 2011
100_5492.JPG

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука  за издвојување на дополнителни 2 милиони евра за субвенционирање на производителите на домати и пиперки на отворено и во пластеници. Со оваа мерка, како што истакна на денешната прес конференција министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски,  Владата финансиски ќе ги поддржи  производителите кои направија загуби во производството поради намалената продажба предизвикана од стравувањето од појавата на бактеријата ешерихија коли. Ваквата состојба, како што истакна тој, доведе и до ценовни пореметувања на домашниот пазар кои се одразија на ликвидноста на производителите, но и до губење на традиционалните пазари за домати и пиперки. Затоа, новата мерка која ја донесе Владата е во насока на ублажување на загубите кои ги претрпеа производителите на овие градинарски култури.

 


Средба со градоначалниците за нови локации за откупно-дистрибутивни центри
Дата на објава: 
16 Септември 2011

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски со градоначалниците од 16 општини денеска имаа координативен состанок околу изнаоѓање на нови 18 локации за откупно-дистрибутивни центри.

 

На состанокот беа разгледувани  парцели кои би можеле да се понудат на заинтересирани инвеститори за отворање на откупно-дистрибутивни центри, нивниот сегашен статус и локација во однос на патната инфраструктура.


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
15 Септември 2011
Konjanovski vo poseta na s. Zubovo.jpg

,,Никој нема право да манипулира со производителите и затоа апелирам до откупувачите да го почитуваат трудот на земјоделците и откупот да го вршат врз основа на склучени договори како што налагаат законските прописи. Договореното е најсигурно, оттаму, уште еднаш упатувам апел и до земјоделците и до откупувачите да се придржуваат до законските норми. Договорното производство е основа за  стабилен пазар тоа е модел за функционирање на довербата и за обезбедување на сигурен пласман,, Со овие зборови, вчера, заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Зоран Коњановски им се обрати на земјоделците од струмичкото село Зубово, каде заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, и пратеникот Ромео Тренов посетија неколку откупни пункта за зеленчук.

 


Повик за добивање овластување за испитување на ѓубриња
Дата на објава: 
7 Септември 2011

Се повикуваат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат правните лица овластени за испитување на ѓубрињата ( “ Службен весник на Република Македонија ” бр. 129/10 ), врз основа на член 34 од Законот за ѓубриња ( “ Службен весник на Република Македонија ” бр. 110/07, 20/09 и 17/11 ), да се пријават заради добивање овластување за испитување на ѓубрињата. Кон барањето за овластување заинтересираните правни лица треба да ги достават следните документи :

- тековна состојба издадена од Централен Регистар на Република Македонија на правното лице;

- диплома за завршено образование на вработените лица;

- потврда за работно искуство издадена од институцијата каде истото е стекнато;

- М1 / М2 обрасци за вработените лица;


Syndicate content