Новости

Исплатени 110 милиони денари за субвенции за земјоделство
Дата на објава: 
1 Август 2017

 

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој исплати 110 милиони денари или близу 1,8 милиони евра за субвенции за земјоделците и преработувачките капацитети. Од нив, 39,8 милиони денари (650.000 евра) се исплатени за субвенци за винарските визби по основ на откупено грозје. В.д директорот на Агенцијата Никола Бабовски посочи дека се исплатени субвенции за вкупно 13 винарници, а две се избришани од регистарот и тие од законски причини нема да добијат субвенции за реколтата 2015/2016 година.

„Средствата беа ветени како поддршка за да може годинашниот откуп на грозјето да се заврши без никакви проблеми. Ова се субвенции кои винарските визби ги добиваат за реколтата 2015/2016 година за сортите „вранец“ и „смедеревка““,изјави на денешната прес конференција Бабовски.


МЗШВ плати 207 илјади евра заостанат долг за одблокирање на Проектот Јужновардарска долина
Дата на објава: 
1 Септември 2017

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска плати 207.000 евра, заостанат долг за консултантски услуги за проектот „Програма за наводнување Јужно-вардарска долина“ - втора фаза. На овој начин, ја откочуваме реализацијата на проектот, која беше блокирана, поради тоа што претходната Влада не плаќала редовно за консултантски услуги во изминатите две години.

Со подмирувањето на долгот овозможивме меѓународниот консултант на  проектот да продолжи со работа, а со тоа и да се продолжат активностите за изградба на системите за наводнување во Валандовскиот регион. Ова е една од повеќето активности преземени за подобрување и унапредување на соработката со германската кредитна банка за обнова „KfW“.


662 лица конкурираа за мерката Млад земјоделец
Дата на објава: 
31 Август 2017

Заврши рокот за аплицирање за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), за мерката конкурирале 662 лица. Во моментов се врши евалуација на пристигнатите апликации, со цел да се утврди подобноста на апликантите, односно дали ги исполнуваат пропишаните услови во огласот. До почетокот на октомври се очекува да заврши евалуацијата.

Потоа на апликантите кои ги исполниле условите, АФПЗРР ќе им издаде  решение, по што следува склучување на договор за финансиска поддршка. Оние апликанти кои не исполниле пропишаните услови, ќе добијат решение дека се  одбиени со образложение на причините.

Апликантите кои ќе бидат корисници на мерката, откако ќе го склучат договорот треба да започнат со извршување на инвестициите согласно нивниот деловен план. Потоа АФПЗРР ќе врши редовни контроли, колку реализираното на терен е во согласно со понудениот бизнис план од страна на апликантот.


Македонија во 2018 година ќе биде партнер на Интернационалниот саем за земјоделство и храна во Словенија
Дата на објава: 
26 Август 2017
IMG-20170826-WA0004.jpg

Македонија следната година ќе биде земја партнер на 56-от Интернационален саем за земјоделство и храна „AGRA“, што секоја година се одржува во Горна Радгона, во Словенија. Годинава партнер на саемот беше Народната Република Кина. Поканата за партнерство, денеска на македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, му ја врачи заменик-претседателот на Владата и министер за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Дејан Жидан.

Ова е голем успех за Македонија, ако се има во предвид дека се работи за еден од најголемите интернационални саеми во Централна и Источна Европа, на кој присуствуваат ресорните министри од земјите од Централна и Источна Европа. Исто така ваквото партнерство е можност за подобро претставување на македонските земјоделски производи пред странските производители и промоција на македонското земјоделско производство.


Словенија ќе и помага на Македонија во јакнење на Платежната агенција и советодавните служби за земјоделците
Дата на објава: 
25 Август 2017
21104295_10156039234890628_2024904907_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Дејан Жидан, во Брдо кај Крањ, Словенија. На средбата е договорена  помош од Република Словенија во евроинтеграцискиот процес на Република Македонија. Министерот Жидан, истакна дека Република Словенија стои на располагање за помош во делот на подобрување на функционирањето на македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како институција која е важна за распределбата на националните и европските пари. Исто така Министерот Жидан посочи дека Република Словенија ќе помогне во јакнењето на советодавните служби за земјоделците во Република Македонија, како на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и руралниот развој, но и на приватните советодавни служби.


Syndicate content