|
МЗШВ: Се деблокира процесот за исплата на обештетувањата од штетите од временските неприлики во 2016 година
Дата на објава: 26 Септември 2017Владата на Република Македонија денеска го усвои Акцискиот план за постапување по предметите за настанатите штети од временските непогоди што се случија во 2016 година, а што беше започнато според одредбите од Законот за заштита и спасување.
На овој начин се одблокира процесот за исплата на обештетувањата на земјоделците кои во 2016 година претрпеа штети во земјоделското производство од пролетниот мраз, град и поплави.
Врз основа на одлуката на Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе формира Комисија составена од претстваници од МЗШВ, Министерство за финансии, од Биро за судски вештачења и од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Комисијата ќе биде задолжена за прегледување на елаборатите и барањата за штети, како и утврдување на конечниот список на лица, висината на штетите кои треба да се надоместат, а настанати како резултат од временските непогоди кои ја зафатија Македонија во 2016 година, а кои беа започнати согласно одредбите од Законот за заштита и спасување.
МЗШВ достави 13.580 барања до Бирото за судски вештачења за проценка на штетите од годинешните пролетни мразеви
Дата на објава: 22 Септември 2017Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска до Бирото за судски вештачења, достави 13.580 барања за проценка на штетите од неповолните климатски настани (доцни пролетни мразеви), што се случија во април годинава. Станува збор за барања доставени од 27 општини/ Подрачна единица и проценка на 49.556 катастерски парцели, за кои што Подрачните единици на МЗШВ, утврдиле дека временските непогоди имаат нанесено штети врз земјоделските култури.
Се работи за општините/Подрачни единици, Охрид, Дебарца, Струга, Велес, Пехчево, Виница, Демир Хисар, Карпош, Неготино, Тетово, Кратово, Гостивар, Боговиње, Радовиш, Чаир, Струмица, Кочани, Крушево, Делчево, Гевгелија-Богданци, Македонски брод, Берово, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци и Ресен.
Во очекување се барањата од уште 5 општини ( Гази Баба, Куманово, Кичево, Штип и Свети Николе), чии што барања претходно беа вратени поради утврдени грешки во доставената документација.
Николовски: Континуирано ќе преземаме системски мерки за развој на пчеларството
Дата на објава: 21 Септември 2017Министерството за земјоделство, шумарство, водостопанство и годинава е покровител на традиционалната манифестација „Денови на македонскиот мед 2017“. Во следните неколку дена на поставените штандови на улицата „Македонија“ во Скопје, пчеларите од различни региони од Република Македонија, ќе ги изложат своите пчелни производи. Манифестацијата традиционално ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Пчеларството е една од позначајните гранки во земјоделството, пред се поради големото биолошко значење на медоносните пчели при опрашување на фуражните, индустриските и овошните култури, но секако и поради производството на високо вредните пчелни производи, како што се медот, восокот, поленот, прополисот, матичниот млеч и пчелниот отров. Сите овие производи имаат оргомно хранливо својство, ценовна вредност и се доста барани на пазарот.
МЗШВ формираше Комисии за вршење на увид на настанатите штетите од невремето на 11-ти септември
Дата на објава: 20 Септември 2017Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска формираше Комисии за увид на настанатите штетите во регионите кои на 11-ти септември годинава беа зафатени од временски непогоди (пороен дожд, електрични пранења, силен ветер и град).
Согласно извештајот од УХМР и теренскиот увид од страна на Подрачните единици при МЗШВ, утврдено е дека се причинети штети врз земјоделски култури во регионите на Демир Хисар, Ресен, Македонски брод, Тетово, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Велес, Свети Николе, Куманово, Кавадарци, Росоман, Кисела вода и Гази баба.
МЗШВ ги информира сите земјоделски стопанства од овие региони кои претрпеле штети, во периодот од 20.09.2017 до 05.10.2017 да поднесат барања за утврдување на настанатата загуба во Подрачните единици на МЗШВ во погоре посочените региони.
МЗШВ: Два милиони денари за реновирање на метеоролошките станици во Демир Капија, Штип и Крива Паланка
Дата на објава: 19 Септември 2017Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска учествуваше на работилницата во рамки на проектот „Намалување на ранливоста на земјоделството од климатските промени“, поддржан од Организацијата за земјоделство и храна при Обединетите Нации (ФАО).
Како конкретни чекори во справување со негативното влијание на климатските промени врз земјоделството, министерот Николовски ги наведе: Дефинирање на мерките за прилагодување кон климатските промени и нивно интегрирање во програмите за финансиска поддршка на Министерството и воспоставување на соодветен институционален капацитет во Министерството и негово зајакнување преку серија обуки со што би се овозможило креирање и ефикасно спроведување на политиките за прилагодување кон климатските промени.
|
|
|