Соопштенија

С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНИТЕЛ НА ТУТУН
Дата на објава: 
26 Октомври 2011

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун ЗАПОЧНУВА НА 28 ОКТОМВРИ И ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 7 НОЕМВРИ 2011 година.

 

Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Заинтересираните кандидати заедно со пријавата (во која се наведуваат адресата на живеење и контакт телефон) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот треба да ги приложат следните потребни документи:


С О О П Ш Т Е Н И Е
Дата на објава: 
26 Октомври 2011

Со цел приближување на работата на државната администрација кон младите, а воедно и укажување на можност за стекнување на работно искуство со кое би можеле полесно да конкурираат на пазарот на трудот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овозможува волонтирање за заинтерсираните кандидати.

 

Волонтирањето ќе биде во периодот од 15 ноември 2011 година до 30 април 2012 година.

Додаток за превземање: 

Ќе се воведат нови мерки кои ќе бидат насочени кон производителите на јаболка
Дата на објава: 
18 Октомври 2011
Zamenik -Jabolka.jpg

Откупот на јаболкото се реализира без претходно склучени купопродажни договори, исплатата на преземените количини не е редовна, а ретко се постигнува и добра цена, беше истакнато на денешниот форум за актуелната состојба во секторот производство и преработка на јаболко.

 

Јаболкото е застапено на околу 4.500 хектари, што е речиси половина од овошните насади во земјава. Моментно е во тек втората половина од бербата.

 

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски кој учествуваше на форумот уште еднаш напомена дека планираното, договорно производство и здружувањето на земјоделците во задруги се клуч за успешен аграр.

 

- Само со дијалог може да се постигне договор, а во земјоделството договореното е најсигурно. Затоа законски го нормиравме и постојано апелираме до производителите и откупувачите да склучуваат договори. Заедно да се договараат, да планираат и да произведуваат бидејќи тоа е најсигурно, истакна Коњановски.

 


Соопштение
Дата на објава: 
27 Септември 2011
ZA MZVSH (3).jpg

Владата и министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство презема конкретни активности за поттикнување на овоштарството. Покрај субвенциите за јаболковите насади кои од година во година се зголемуваат последниот период поголем акцент ќе биде ставен врз изградбата на откупно-дистрибутивен центар во Преспа истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешното обележување на единаесеттата по ред манифестација  ,,Преспански јаболкобер,,.

 

Годинава на околу 4 000 хектари насади со јаболко во Преспа ќе бидат набрани околу 60 000 тони јаболко што во однос на лани е за 30 насто помал род. Ваквиот намален род е резултат на лошите временски услови во пролетниот период. Сепак се очекува пласманот и цените да бидат добри истакна Михаил Волкановски градоначалник на Ресен.

 


Реакција
Дата на објава: 
26 Септември 2011

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро реагира на лагите и на извртување на вистината што ја пласира дневниот весник “Капитал“ во јавноста.

 

Сакаме да ја запознаеме јавноста со аргументи кои се точни и не доведуват никого во заблуда.

 

Државниот завод за ревизија во извештаите за работењето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во ниту еден момент не утврдува незаконско трошење на буџетските средства. Сите утврдени недоследности се аргументирани и прифатени со свој соодветен основ.

 


Syndicate content