МЗШВ: Ниту една институција во Крива Паланка нема да остане без дрва за огрев
Дата на објава: 
5 Октомври 2017

Во врска со обвинувањата од страна на актуелниот градоначалник на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, упатени кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ве известуваме дека МЗШВ нема ингеренции да дава наредби поврзани со снабдување со огревно дрво, ниту пак да влијае врз тендери за снабдување со огревно дрво.


Николовски: Производителите на ориз ќе добијат зголемена субвенција од 18 илјади денари по хектар
Дата на објава: 
1 Октомври 2017
22199316_10156165631515628_918399582_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочански ориз“ во Кочани. Со симболично зажнејување на оризот на нивите на Институтот за ориз во Кочани, министерот Николовски и официјално го означи почетокот на годинешната жетва на ориз. Денеска на денот на оризот, министерот Николовски им порача на производителите на ориз дека ќе добијат зголемена субвенција од 18 илјади денари по хектар, за што Владата ќе донесе одлука.

 


МЗШВ отвори кол центар за потребите на земјоделците и агробизнисмените
Дата на објава: 
29 Септември 2017
22163853_10156159650940628_2041686546_o.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од денеска отвора кол центар наменет за земјоделците, агробизнисмените и сите граѓани, а со единствена цела – навремено да ги добијат сите потребни услуги и информации што ги интересираат.

Телефонските броеви на кои што ќе можат да се јавуваат земјоделците и агробизнисмените се  071/204-137; 070/415-314; 070/415-389.

Овие телефонски линии ќе бидат достапни секој работен ден од 8 часот наутро до 17 часот попладне.

Преку кол центарот земјоделците и агробизнисмените  ќе можат да добијат информации поврзани со исплата на субвенции, рокови за аплицирање за конкретни мерки, огласи за земјиште и сите останати информации од областа на земјоделство.

Воедно, преку кол центарот ќе може да се пријавуваат и одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците и агробизнисмените како и информации за незаконски дејствија. На овој начин Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство навреме ќе може да реагира и да преземе мерки за брзо решавање на секој проблем поединачно.


Денеска Охридското езеро се пориби со сто илјади единки охридска пастрмка
Дата на објава: 
28 Септември 2017
22070599_10156156713340628_983788714_o.jpg

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во Охрид, заеднички со Хидробиолошкиот завод и со Државниот инспекторат за земјоделство, учествуваше во порибување на Охридското езеро со 100.000 единки подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка.

Оваа количина е дел од вкупно планираните 2.500.000 единки за цело езеро. Акктивноста започна на 11-ти овој месец и континуирано ќе се спроведува до првата половина на октомври. Пастрмката е на возраст од 6 до 9 месеци, со тежина од три грама и должина до седум сантиметри.

Станува збор за редовна активност согласно Законот за рибарство и аквакултура, со кои државата е задолжена за порибување на рибoловните води врз основа на риболовната основа изготвена од надлежните овластени институции.


Николовски: Ќе работиме на системски мерки и на изнаоѓање на нови пазари за извоз на македонските јаболка
Дата на објава: 
27 Септември 2017
22095642_10156153086945628_273613757_o.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, денеска присуствуваше на манифестацијата „Преспански јаболкобер“, што се одржа во Ресен. Со откинување на првото јаболко на насадите во „Агроплод“, министерот Николовски и официјално го означи почетокот на годинешната берба на јаболка и на овоштарите им посака бериќет.

Оваа година од аспект на временските прилики беше исклучително лоша за целиот земјоделски сектор.

Особено голема штета од временските непогоди поточно  раните мразеви што го зафатија овој регион, нанесоа огромни штети врз производството на јаболка.


Syndicate content