Дата на објава:
15 Октомври 2011Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, вчера вечер ја отвори традиционалната саемска манифестација посветена на земјоделско-прехранбениот сектор - Агрофуд 2011.,,Традиционално и оваа година на едно место, во интерес на унапредување на секторот, преку размена на искуства и непосредни контакти се среќаваат директните учесници во синџирот на производство на храна-производителите, преработувачите, трговците и потрошувачите. Република Македонија е земја која ги следи светските текови во производството на храна и оттаму, во изминативе неколку години сериозно се зафативме со стабилизирање на секторот кој го храни населението.Преку драстично зголемување на субвенциите, од симболични 5 милиони евра во 2006 год. и годинешните 115 милиони евра, додадовме нов импулс во примарното производство и во преработувачкиот сектор – истакна во своето обраќање министерот Димовски.