МЗШВ формираше Комисии за вршење на увид на настанатите штетите од невремето на 11-ти септември
Дата на објава:
20 Септември 2017Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска формираше Комисии за увид на настанатите штетите во регионите кои на 11-ти септември годинава беа зафатени од временски непогоди (пороен дожд, електрични пранења, силен ветер и град).
Согласно извештајот од УХМР и теренскиот увид од страна на Подрачните единици при МЗШВ, утврдено е дека се причинети штети врз земјоделски култури во регионите на Демир Хисар, Ресен, Македонски брод, Тетово, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Велес, Свети Николе, Куманово, Кавадарци, Росоман, Кисела вода и Гази баба.
МЗШВ ги информира сите земјоделски стопанства од овие региони кои претрпеле штети, во периодот од 20.09.2017 до 05.10.2017 да поднесат барања за утврдување на настанатата загуба во Подрачните единици на МЗШВ во погоре посочените региони.