Соопштенија

Oтворени денови на министерството за земјоделство
Дата на објава: 
25 Ноември 2011

Во насока на отворена и транспарентна комуникација со граѓаните, а со цел излегување во пресрет на потребите на граѓаните, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе организира отворени денови низ Македонија. На отворените денови кои ќе се реализираат до крајот на оваа и во наредната година ќе бидат разгледувани проблемите со кои се соочуваат земјоделците, а истовремено заинтересираните граѓани ќе можат да даваат идеи и предлози за теми кои се во надлежност на министерството.

 

На овие средби граѓаните ќе разговараат со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, заменик министерот Зоран Коњановски, државниот секретар Бесир Јашари како и со раководителите на секторите во министерството.

 


Органското производство евидентно зголемено, неопходна интензивна промоција
Дата на објава: 
22 Ноември 2011
image1.jpg

Производителите се задоволни од владините субвенции, бараат поддршка од науката и размислуваат за здружување во кооперативи со цел заеднички, поуспешен настап беше кажано на денешната трибина што ја организираше Федерацијата на фармери и на која учествуваше и заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

 

- Субвенциите за органско призводство во 2007 година беа 11 милиони денари,а  денес се 110 милиони или 10 пати повеќе. Идната година се предвидени околу 130 милиони денари. Пред само неколку години беа пријавени 266 хектари за органско производство, а денес се евидентирани повеќе од 5.200 хекатри. Бројот на органски пчелни семејства беше 110, а сега е 14.000, додека бројот на овци пријавени во делот органско сточарство беше 2.500, а денес е околу 98.000, изјави заменик министерот Коњановски.

 

Напредокот е евидентен, напомена Коњановски, додавајќи дека Министерството е подготвено да им излезе во пресрет на производителите за решавање на кој било проблем.


Квалитетот на тутунот ќе ја диктира откупната цена
Дата на објава: 
21 Ноември 2011
tutun ok 1.JPG

,,Годинава очекувам порелаксирана атмосвера во откупот на тутунот од новата реколта. Претстои тутунарите на регуларен начин да го предадат родот и да си го земат заработеното. Задоволен сум што комбинатот прв почна да откупува во Прилепско иако крајниот рок за почеток е 15. декември.И другите компании според најавите ќе почнат со откуп деновиве,, - изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во Прилеп, на почетокот на откупот на тутунот во прилепскиот тутунски комбинат.

 

Како што истакна тој, годинава не се менува бројот на лиценцирани компании. Се се одвива според измените во Законот за тутун со цел  да се заштитат тутунарите. Се промени и Правилникот за процена на тутунот според кој, како што потенцира министерот, сега откупот се врши во три класи.


Интервју со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски
Дата на објава: 
20 Ноември 2011

Интервју со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски

 


Промовирана стандардизирана опрема за гаснење на шумски пожари
Дата на објава: 
17 Ноември 2011
Oprema za gasenje pozari 033.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски  денеска присуствуваше на промоција на опремата за гаснење на пожари обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на подготвеноста за справување со шумски пожари“ кој го реализира Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во соработка со Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО). Опремата за гаснење на пожари ќе послужи како модел за опремување на јавните претпријатија кои управуваат со шумите, а која треба да биде една од основите за обезбедување на интегрирано управување со пожари и за нивна контрола на терен. Опремата беше презентирана во рамки на денешната работилница „Интегрирано управување со пожари“.


Syndicate content