МЗШВ достави 13.580 барања до Бирото за судски вештачења за проценка на штетите од годинешните пролетни мразеви
Дата на објава:
22 Септември 2017Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска до Бирото за судски вештачења, достави 13.580 барања за проценка на штетите од неповолните климатски настани (доцни пролетни мразеви), што се случија во април годинава. Станува збор за барања доставени од 27 општини/ Подрачна единица и проценка на 49.556 катастерски парцели, за кои што Подрачните единици на МЗШВ, утврдиле дека временските непогоди имаат нанесено штети врз земјоделските култури.
Се работи за општините/Подрачни единици, Охрид, Дебарца, Струга, Велес, Пехчево, Виница, Демир Хисар, Карпош, Неготино, Тетово, Кратово, Гостивар, Боговиње, Радовиш, Чаир, Струмица, Кочани, Крушево, Делчево, Гевгелија-Богданци, Македонски брод, Берово, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци и Ресен.
Во очекување се барањата од уште 5 општини ( Гази Баба, Куманово, Кичево, Штип и Свети Николе), чии што барања претходно беа вратени поради утврдени грешки во доставената документација.