Николовски во посета на инспекторските служби на АХВ и на Фитосанитарна управа на граничниот премин Деве Баир
Дата на објава:
5 Октомври 2017Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска заедно со директорот на Царинската управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски и директорот на државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски, го посетија граничниот премин Деве Баир, каде што свои инспекторски служби имаат Фитосанитарната управа и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Станува збор за важни субјекти на овие институции кои работат во областа на контрола на пратките од растително и животинско потекло, што влегуваат во земјава.
Од посетата на терминалот, беше воочено дека изминатите години не се вложувало во службите на Фитосанитарната управа и на Агенцијата за храна и ветеринарство, на граничниот премин Деве Баир, а инспекторите работат во исклучително лоши услови, без елементарни услови за работа и за контрола на пратките од увоз.