Финални подготовки на ЕУ и ФАО за селекција на подрачјата за консолидација на земјоделското земјиште
Дата на објава: 
25 Октомври 2017

Проектот „MAINLAND“, финансиран од Европската Унијаја ja одржа првата обука на тема "Како да се идентификуваат и селектираат најпогодните области за консолидација на земјоделско земјиште". Обуката се одржува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Скопје.

Денеска околу 30 претставници на различни сектори и подрачни единици на МЗШВ, како и советници од Националната агенција за развој и поттикнување на земјоделството (АПРЗ) ќе бидат обучени да ја применат постапката за избор на области за консолидација на земјоделско земјиште. По обуката, учесниците ќе имаат поголемо разбирање за тоа како да ги идентификуваат потенцијалните области за консолидација на земјоделско земјиште и како да работат заедно со локалните земјопоседници и земјоделски заедници во процесот на изразување на интерес за локални проекти за консолидација на земјиште.


Промоција на македонските вина во Данска
Дата на објава: 
24 Октомври 2017
Masterclass Vranec 2.jpg

Министерствотото за земјоделство,шумарство и водостопаство во соработка со здружението „Вина од Македонија“ продолжуваат со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари. Винарии од Република Македонија, организирани преку здружението, вчера и денеска ги презентираат своите вина на пазарот во Данска.

 

Промотивните настани се одржуваат во Копенхген каде што оваа година седум винарски визби од Македонија ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници, хотели, ресторани, кафеани  и други професионални купувачи на вино, како и пред крајните конзументи.

 

И оваа година при преставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на сортата вранец, како најголем репрезент на македонските вина, при што се организирани две мастерклас презентации за сортата вранец, кои ги водеше реномираниот вински критичар и судија, Дарел Џозеф.

 

Промотивните настани се финансиски поддржани и оваа година од МЗШВ, преку програмата за поддршка на руралиот развој за 2017 година.


Министерот Николовски во Брисел се сретна со директорот за земјоделство и рурален развој Јержи Плева.
Дата на објава: 
24 Октомври 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во Брисел имаше работен состанок со генералниот директор за земјоделство и рурален развој во Европската комисија Јержи Богдан Плева.

 

На состанокот, од страна на Европската Комисија, присустуваа и директорот за рурален развој и претпристапна поддршка Марио Милушев, како и останати раководни лица при ЕК, надлежни за Република Македонија и за претпристапната поддршка за влез во Европската унија.

 

Генералниот директор Плева, позитивно го оцени големиот интерес и бројот на доставени барања за користење на финансиски средства од ИПАРД 2014-2020 на првиот јавен повик 01/2017, и изрази надеж дека нема да се повтори искуството со искористувањето на финансиските средства од ИПАРД 2007-2013. Тој порача дека за ефикасно искористување на финансиските средства од руралните програми, како што е ИПАРД, клучни се човечките ресурси и  функционалноста на  Платежната агенција.

 


Николовски: Работиме на решавање на проблемите со кои се соочуваат пчеларите
Дата на објава: 
21 Октомври 2017
22711689_10156226360365628_2076422103_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Кочани, ја отвори манифестацијата „ Денови на македонскиот мед Кочани 2017“, на која што се  изложени различни видови на пчлени производи од целата држава, како и опрема за пчеларење. Министерот Николовски им порача на присутните производители на пчелни производи, дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е во постојан со пчеларските здруженија, со цел да се изнајдат соодветни мерки за решавање на проблемите, кои што ќе бидат во корист на пчеларите. Оваа година од аспект на временските прилики беше исклучително лоша за целиот земјоделски сектор, вклучително и за пчеларството, кое што претрпе големи штети поради екстремно ниските температури и поради сушата.


Македонските преработки од зеленчук и овошје беа дел од светскиот саем „Ануга 2017 “ во Германија
Дата на објава: 
20 Октомври 2017
7.JPG

Македонските производители и извозници на преработки од земјоделски производи, од 7-ми до 11 –ти октомври годинава, учествуваа на најголемиот светски саем за храна „Ануга 2017“, во Келн, Германија. Со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Македонија на овој саем имаше свој штанд со вкупна површина од 129 м2, каде што  македонски компании од областа на земјоделство имаа можност да ги изложат своите производи. На саемот имаше и претстваник од МЗШВ, со цел за следење на промотивните активности на другите држави и позитивните странски искуства, кои во иднина би можеле да се применат за националното претставување на Македонија.

На саемот учествуваа 16 компании за преработка на земјоделски производи кои се извозно оринетирани. Со поддршка на УСАИД  беа организирани состаноци со преставници на германски супермаркети и увозници на големо, во различни земјоделски сектори, како за ајвар и конзервна индустрија, преработки на кечап и мајонез,  замрзнато овошје и зеленчук и сокови.


Syndicate content