Соопштенија

Министерот Димовски на презентација на студијата „Проценка на економското влијание од климатските промени“.
Дата на објава: 
15 Декември 2011
Undp.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денеска се обрати на презентацијата студијата „Проценка на економското влијание од климатските промени“.Студијата е дел од тековните активности на УНДП да го развијат аналитичкиот и институционалниот капацитет на земјите во транзиција со цел да се проценат економските влијанија од климатските промени. Студијата нуди прелиминарни проценки на економските влијанија од климатските промени во три области важни за економијата - побарувачката на енергија, водените ресурси и земјоделството. Во своето обраќање Министерот Димовски изјави дека МЗШВ веќе подолго време активно е вклучено во заштитата од климатските промени и оти се превземаат мерки за справување со нивните последици.

 


Доделени 264 решенија за легализација на земјоделското земјиште со долгогодишни насади
Дата на објава: 
9 Декември 2011
Dogovori.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска на 264 земјоделци од Кавадарци, Неготино и Росоман им додели договори за легализација на државното земјоделско земјиште што го користат за одгледување повеќегодишни насади.

 

Станува збор за 400 хектари површина чија легализација е овозможена со измените на Законот за земјоделско земјиште, донесени во март годинава.

 

- Ова е голем исчекор во делот на земјишната аграрна политика што освен легално користење на површините, на производителите ќе им овозможи и земање субвенции од државата што досега не беше случај, истакна Димовски.

 

Висината на закупот за хектар површина на легализираното земјиште што ќе треба да го плаќаат земјоделците е од пет до 25 евра по хектар зависно од локацијата, типот на насадот, дали има систем за наводнување...

 


Македонија предводник во регионот по искористеноста на ИПАРД средствата
Дата на објава: 
9 Декември 2011
Ipard komitet.jpg

Македонија бележи евидентен напредок во имплементацијата на ИПАРД и е предводник во регионот од аспект на искористеноста на средствата од претпристапните фондови, оцени високиот европски претставник Џерард Кили од Директоратот за земјоделство на ЕУ.

 

Интензивно се разгледуваат можностите за проширување на Програмата со нови мерки што ќе овозможи, напомена Кили, уште поголема реализација.

 

- Задоволни сме од имплементацијата на ИПАРД Програмата во земјата. Ако биле прифатени сите поднесени апликации, ќе се искористеле околу 43 милиони евра што е добар степен на реализација. Мора да се детектираат проблемите при поднесувањето барања и да се отстранат, рече Кили.

 

Според него, ИПАРД средствата за оваа година не се целосно искористени, но нема да бидат загубени.

 


Министерот Љупчо Димовски на 36-то традиционално Советување за заштита на растенијата
Дата на објава: 
7 Декември 2011

Универзитетски експерти и претставници на научно-истражувачки центри од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Романија и од Косово ќе дискутираат на актуелни теми и проблематика од областа на фитосанитарниот систем во рамки на 36-то традиционално Советување за заштита на растенијата што во организација на академското Здружение за заштита на растенијата на Македонија, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и националната Фитосанитарна управа денеска и утре се одржува во Охрид.

 

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски, кој го отвори меѓународниот научен собир, во оваа прилика потсети на високите оценки што ги има добиено Македонија во последниот извештај на Европската комисија, за поглавјата 11, 12 и 13 што се однесуваат на активностите на Министерството за земјоделство, пред се во процесот на исполнување на европските стандарди кога станува збор за заштита на растенијата и производството на здрава и безбедна храна.

 


С О О П Ш Т Е Н И Е
Дата на објава: 
7 Декември 2011

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

ЗА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ

ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНИТЕЛ НА ТУТУН

 

 

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за втор испит рок за полагање заради добивање на лиценца за проценител на тутун ЗАПОЧНУВА НА 9 ДЕКЕМВРИ И ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 16 ДЕКЕМВРИ 2011 година.

Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заинтересираните кандидати заедно со пријавата (во која се наведуваат адресата на живеење и контакт телефон) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот треба да ги приложат следните потребни документи:

Додаток за превземање: 

Syndicate content