Дата на објава:
11 Октомври 2017Во процедура е измената на Законот за ловство, со што ќе се поедностави постапката за полагање на ловечки испит, истакна министерот за земјоделство,шумарство водостопанство Љупчо Николовски, на денешната средба ловџиите од Пехчевскиот регион.
„Досега се полгаше електронски и целиот процес беше комплициран и со низа дополнителни трошоци за кандидатите. Сега , со измените ќе се врати претходната форма на полагање, односно ќе се укине електронското полагање.Исто така, со измените нема да има временско ограничување за полагање на испитот, туку тој може да се полага во текот на целата година. Ова е едно ветување од програмата на Владата“, изјави министерот Николовски.
Министерот посочи дека е затекната состојба на изминат договор со испитниот центар, без сппроведена нова јавна набавака, со што процесот за полагање на испит беше закочен. Измена на законот се очекува да се усвојат следниот месец, и првото полагање да биде најрано во декември годинава.