Соопштенија

СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
9 Јануари 2012

Во врска со вчерашната изјава во вестите на Телма ТВ на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев за концесијата на земјоделско земјиште кое се наоѓа до самиот влез на Бања Банско ве известуваме за следново:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се до 2007 година кога е донесен новиот закон за Земјоделско земјиште немаше законска основа за еднострано раскинување на договори, во услови на трајна пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно. Ова се однесува и на  склучениот договор за долгорочен закуп на земјоделско земјиште, склучен во 2004 година помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и АД„ОРАНЖЕРИИ“ с.Хамзали - Босилово со кој се дадени  под закуп 72ха на 30 години.

Бидејќи законите не важат ретроактивно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во целост ќе ги испочитува обврските кои се наведени во договорите за доделување на земјоделско земјиште под закуп потпишани во 2004 година. 


Потпишан билатерален договор меѓу владите на Македонија и Швајцарија
Дата на објава: 
22 Декември 2011
Bregalnica dogovori 031.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми, денеска со амбасадорот на Швајцарија во Македонија Стефано Лазарото потпишаа билатерален Договор за доделување финансиска помош за проектот „План за управување со речниот слив на реката Брегалница“.

 

Проектот вреден вкупно 5,27 милиони швајцарски франци ќе и помогне на македонската Влада во спроведувањето на новиот Закон за води, но и ќе ги поддржи општините кои географски се поврзани или се во сливот на Брегалница за спроведување мали инфраструктурни проекти за води. Негови директни корисници ќе бидат 12 единици на локалната самоуправа, како и министерствата за земјоделство и за животна средина.

 


Средба на министерот Димовски со американскиот амбасадор Волерс
Дата на објава: 
21 Декември 2011
Minister-amerikanski ambasador 004.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денска се сретна со  амбасадорот на САД Пол Волерс. На средбата стана збор за соработката во областа на земјоделството која се одвива преку двете развојни програми и тоа Кохран Програма (Cochran Fellowship Programme) преку која се обезбедуваат обуки на експерти и државни службеници кои работат во областа на земјоделската политика и трговија, агробизнисот, во процесот на управување, понатаму од областа на земјоделската и ветеринарната наука, советодавните служби, маркетингот на земјоделските производи и многу други области односно обезбедува обука и за јавниот и за приватниот сектор. Сите обуки се спроведуваат во САД. Целите на програмата се од една страна да се обезбеди поддршка во развојот на земјоделскиот систем исполнувајќи ги потребите и стандардите за храна, како и да се зајакнат трговските врски помеѓу земјите во САД.


Тутунарите да не стравуваат, сите компании имаат пари да го платат откупениот тутун
Дата на објава: 
21 Декември 2011
Minister-tutunari 003.jpg

,,Производителите на тутун да не стравуваат и навреме да го предадат родот бидејќи сите откупни компании  имаат добиено лиценци, а тоа е основна гаранција дека  имаат обезебедно пари за исплата на тутунот.  Нема причина од создавање на проблеми, бидејќи реално, на теренот, во почетокот на оваа откуупна кампања нив ги нема. Радува фактот што сегашната состојба на откупните пунктови ветува мирен откуп, со почитување на законите и правилата, а пред се со правилна проценка на тутунот и на задоволатво и на производителите и на откупувачите,,. Ова го констатира министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски кој денеска, во Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство одржа работен состанок со претставниците на откупувачите на тутун и на здруженијата на тутунарите, членки на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители.

 


Заменик министерот Коњановски на откупен пункт на тутун во Прилеп
Дата на објава: 
20 Декември 2011
Konjanovski-otkup.jpg

Нема проблеми при откупот на тутунот. Досега се преземени речиси 20 проценти од реколтата тешка околу 18.000 тони, а исплатата се одвива непречено,  согласно договорите. Од целиот процес, но и од квалитетот на родот се задоволни двете страни, и производителите и компаниите, констатира заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски кој денеска во придружба на претставници од Државниот земјоделски инспекторат ги посети откупните пунктови во Прилеп.

 

Моментно се отворени околу 180 откупни места на осум компании. Просечната цена достигнува 170 денари за килограм.

 

- Задоволни сме од текот на откупот. Ова што денеска можев да го видам во прилепскиот Тутунски комбинат ме охрабрува. Сметам дека се создаде добар однос во процесот на откупот и ние ќе продолжиме да го градиме тој однос, рече Коњановски.

 


Syndicate content