Соопштенија

Демант на прес-конференцијата на Федерација на фармери
Дата на објава: 
16 Февруари 2012

Во насока на објективно информирање на јавноста и на корисниците на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството, како министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство сметаме дека на денешната конференција за печат на Федерацијата на фармери на Република Македонија беа презентирани повеќе неточни информации, поради што информираме за следново:


Нова владина поддршка за зголемување на сточниот фонд
Дата на објава: 
15 Февруари 2012
Konjanovski -Staravina.JPG

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски во придружба на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска престојуваше во село Старавина и оствари средба со сточарите од Мариово каде по интервентното расчистување на снегот, продолжи комуникацијата со населението и снабдувањето со храна и лекови.

 

За време на посетата, заменик министерот Коњановски ги информираше сточарите за новата владина програма, новите мерки и политики со кои е обезбедена директна финансиска поддршка и нови земјоделски субвенции за фармерите, како и за поттикнување на развојот на сточарството.

 


Почнаа подготовките за пролетната акција за пошумување
Дата на објава: 
9 Февруари 2012
P2090072.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го одржа годинашниот прв подготвителен координативен состанок за реализација на пролетната акцијата за пошумување. На состанокот кој го водеше заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, присуствуваа и претставници од граѓанското здружение ,,Ден на дрвото,, јавното претпријатие ,,Македонски шуми,, претставници од Заедниците на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС и од секторот за шумарство и ловство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Заменик министерот Коњановски на состанокот истакна дека во насока на успешна реализација и на престојната акција, ќе продолжи координаирањето на активностите на сите субјекти кои беа вклучени во акциите за пошумување во минатите години.


Министерот за земјоделство Љупчо Димовски одржа работен состанок со претставници на Сојуз на стопански комори –Агробизнис комора
Дата на објава: 
24 Јануари 2012
Agrobiznis komora.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денеска одржа работен состанок со претставници на Сојуз на стопански комори –Агробизнис комората и претставници од секторите во министерството. На состанокот стана збор за тековните прашања и проблеми во областа на земјоделството. Се направи анализа на земјоделскиот сектор, моменталната состојба, целите кои треба да се постигнат, како и роковите за постигнување на истите.


Доделени договорите за концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов
Дата на објава: 
13 Јануари 2012
image1.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денеска ги додели договорите за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов за 20 риболовни ревири, врз основа на спроведена  постапка на јавен конкурс.

Согласно Законот за рибарство и аквакултура рибите од риболовните ревири и рекреативните зони се даваат на концесија за период од 6 години. Висината на надоместот за нивното користење изнесува 10% од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов на годишно ниво. Начинот и динамиката на плаќање на надоместот за концесијaта се утврдени во законот.

Со денешното потпишување на договорите се уредува организирањето на рекреативниот риболов на дел од риболовните ревири во Р.Македонија:


Syndicate content