Новости

Николовски: Посветени сме на решавање на проблемот со „Повардарие“ и исплата на долгот кон лозарите од страна на визбата
Дата на објава: 
31 Октомври 2017

Винарската визба „Повардарие“ треба да го исплати долгот кон лозарите до денар, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. При тоа министерот  посочи дека Државниот инспекторат за земјоделство, при контролите утврдил дека винарската визба „Повардарие“ има залихи на вино, со чија што продажба, лозарите ќе бидат исплатени.

„Записникот е веќе подготвен од ДИЗ, кој во изминатите седум дена беше во винарската визба „Повардарие“. Во наредните денови ќе правиме притисок за целосна, брза исплата на секој лозар. Сериозно сме фокусирани на ова прашање. Потпишав решенија со кои се одобрува продажбата на вино од залихите, но под услов со тие финансиски средства да бидат исплатени лозарите“, нагласи министерот Николовски.

Министерот потенцираше дека од 1-ви јуни годинава е запознаен со случајот на „Повардарие“ кој, и покрај долговите, бил игнориран изминатите 10 години.


Николовски: Функционална размена на податоци за ефективни земјоделски политики
Дата на објава: 
31 Октомври 2017
slika eu2.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на завршувањето на проектот „Надградба на земјоделскиот информативен систем и воспоставување на системи за размена на податоци помеѓу МЗШВ и останатите релевантни институции“, финансиран од Инструментот за претпристапната помош ИПА, на Европската унија. Целта на овој проект е функционална размена на податоци помеѓу Министерството, за земјоделство, шумарство и водостопанство и релевантните институции како што Државниот завод за статистика, Платежната агенција, и останатите инстутуции, кои располагаат со податоци потребни за анализа и креирање на идните земјоделски политики.

Проектот се спроведуваше 20 месеци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а беше во вредност од  700.000 евра.

Министерот Николовски истакна дека соодветното креирање на земјоделските политики придонесува кон намалување на иселувањето и задржување на населението во руралните области, а со тоа зголемување на земјоделското производство и намалување на увозот.


Средба на министерот Николовски со новиот градоначалник на Општина Крива Паланка, Мицевски
Дата на објава: 
27 Октомври 2017
22850388_10156244215255628_1304955037_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска имаше работен состанок со новиот градоначалник на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

На состанокот Николовски и Мицевски, ги дефинираа приоритетите во однос на соработката на МЗШВ и Општината Крива Паланка, во делот на земјоделството и руралниот развој.

Министерот Николовски посочи дека МЗШВ ќе биде отворено за соработка со локалната самоуправа на Крива Паланка, со поддршка преку мерките од Програмата за рурален развој, за кои општината може да аплицира.


Финални подготовки на ЕУ и ФАО за селекција на подрачјата за консолидација на земјоделското земјиште
Дата на објава: 
25 Октомври 2017

Проектот „MAINLAND“, финансиран од Европската Унијаја ja одржа првата обука на тема "Како да се идентификуваат и селектираат најпогодните области за консолидација на земјоделско земјиште". Обуката се одржува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Скопје.

Денеска околу 30 претставници на различни сектори и подрачни единици на МЗШВ, како и советници од Националната агенција за развој и поттикнување на земјоделството (АПРЗ) ќе бидат обучени да ја применат постапката за избор на области за консолидација на земјоделско земјиште. По обуката, учесниците ќе имаат поголемо разбирање за тоа како да ги идентификуваат потенцијалните области за консолидација на земјоделско земјиште и како да работат заедно со локалните земјопоседници и земјоделски заедници во процесот на изразување на интерес за локални проекти за консолидација на земјиште.


Промоција на македонските вина во Данска
Дата на објава: 
24 Октомври 2017
Masterclass Vranec 2.jpg

Министерствотото за земјоделство,шумарство и водостопаство во соработка со здружението „Вина од Македонија“ продолжуваат со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари. Винарии од Република Македонија, организирани преку здружението, вчера и денеска ги презентираат своите вина на пазарот во Данска.

 

Промотивните настани се одржуваат во Копенхген каде што оваа година седум винарски визби од Македонија ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници, хотели, ресторани, кафеани  и други професионални купувачи на вино, како и пред крајните конзументи.

 

И оваа година при преставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на сортата вранец, како најголем репрезент на македонските вина, при што се организирани две мастерклас презентации за сортата вранец, кои ги водеше реномираниот вински критичар и судија, Дарел Џозеф.

 

Промотивните настани се финансиски поддржани и оваа година од МЗШВ, преку програмата за поддршка на руралиот развој за 2017 година.


Syndicate content