Почнува изградбата на откупно - дистрибутивен пункт за земјоделски производи во Богданци
Дата на објава:
28 Февруари 2012Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски, германскиот инвеститор Томас Шварц и градоначалникот на општина Богданци Ристо Ичков денеска, во присуство на голем број граѓани и претставници на бизнис заедницата, поставија камен темелник на нов откупно-дистрибутивен пункт.
Ова прво странско вложување во Богданци по 22 години, ќе претставува комплекс со површина од над 4.000 метри квадратни, а ќе содржи современ ладилник, магацински простор, товарна рампа и административни простории.
- Задоволство ми е што како сопственик на фирмите „Шварц“ од Германија, на фирмата „Салата Фармс“ од Дубаи и фирмата „Таурус Шварц“ од Германија можам да инвестирам во изградбата на нов откупно-дистрибутивен и преработувачки пункт во Богданци, истакна Шварц.