ЈАВЕН ПОВИК за доставување барање за користење средства за реализација на мерки Програмата за финансиска поддршка во рибарството
Дата на објава: 
24 Ноември 2017

Согласно дел IX од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 192/16, 165/17 и 166/17), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на барање за користење на средства за реализација на мерки Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2017 година

 

I. ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на мерките од Дел V и VI од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2017 година и тоа:

 

Целиот ЈАВЕН ПОВИК, како и Образецот за доставување барање, се во додатоците за превземање.


ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барање за користење на средства од Програмата за капитални трансфери за невладини организации
Дата на објава: 
20 Ноември 2017

Согласно Програматата за капитални трансфери финансиска за невладини организации во областа на земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.166/17), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални трансфери за невладини организации од областа на земјоделството и руралниот развој

I. ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Македонија за 2017 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 191/16 и 109/17) раздел 14001 – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 – Земјоделство и рурален развој, потпрограма 30 Земјоделство, ставка 489 – Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 30.000.000,00 денари чии средства ќе се користат за субвенционирање на апликативни проекти кои имаат за цел:

 

Целиот ЈАВЕН ПОВИК, како и Барањето се во додатоците за превземање.

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Министерот Николовски во Јахорина оствари средби со регионалните министри и со претставниците на меѓународните организации
Дата на објава: 
18 Ноември 2017
21617740_519816328384729_5617174394602876464_n.jpg

Во рамки на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ), што се одржa во Јахорина, Босна и Херцеговина, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, оствари средби со делегациите на сите присутни држави, на кои тема на разговор беше  затворање на сите отворени прашања, подобрување на регионалната соработка и зголемување на трговската размена.

Од особено значење за Република Македонија, беа и средбите со директорот на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на ЕУ-ДГ АГРИ, Марио Милушев,со регионалниот директор на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО) за Европа и Централна Азија Владимир Рахмањин, со директорот на Германската интернационална соработка (GIZ), Џејмс Макбет, и со др. Герман Јеуб, генерален директор за ЕУ политика и интернационална соработка во германското Министерство за земјоделство.


Николовски: За развојот на земјоделството, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес
Дата на објава: 
17 Ноември 2017
jahorina3.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во рамки на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ), што се одржува во Јахорина, Босна и Херцеговина, имаше свое обраќање пред министерите за земјоделство од ЈИЕ.

Министерскиот состанок е во организација на Владата на Босна и Херцеговина како земја претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа –SWG.

Министерот Николовски истакна дека  овој состанок е добра можност да се презентираат идните политики за унапредување на регионалната соработката во областа на земјоделскиот сектор помеѓу земјите од Западен Балкан, како и политиките за забрзување на процесот на приближување на земјите кандидати и потенцијални кандидати од Југоисточна Европа кон Европската унија.


Завршна работилница на проект на ФАО
Дата на објава: 
17 Ноември 2017
PB170071.JPG

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа завршна работилница на проектот за „Техничка помош за користење на дрвната енергија за подобрување на одржливиот економски рурален развој и исполнување на целите за обновливи извори на енергија на Западен Балкан до 2020“, кој е поддржан од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Овој проект е во согласност со Стратешката Рамка на ФАО, која придонесува кон тоа да се направи земјоделството, шумарството и рибарството да бидат попродуктивни и поодржливи.

Исто така Проектот е во согласност со Милениумските Развојни Цели (МДГ), а влијанијата од проектот се однесуваат на Обезбедување одржливост на животната средина.


Syndicate content