Министерот Димовски на вториот состанок на Раководителите на Телата за управување со ИПАРД од земјите на ЈЕ
Дата на објава:
29 Февруари 2012На денешниот состанок во Скопје, Македонија, како годинашен претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG), ги сумира предлозите од државите во ЈИЕ за што поефикасно и поголемо искористување на претпристапните ЕУ фондови. Во форма на заклучоци тие потоа ќе бидат доставени на разгледување во Брисел.
Една од сугестиите ќе биде да се прошири листата мерки во ИПАРД Програмата кои засега се вкупно девет и уште на почеток, мерката техничка помош да се акредитира меѓу првите за да се избегнат проблемите во спроведувањето на ИПАРД кои секако постојат.
- Искуството покажа дека Европската комисија сака да го слушне регионот, да ги слушне проблемите, успесите и сугестиите за подобрување на регулативите за подобро искористување на средствата од земјите аспиранти за влез во Унијата, посочи министерот Димовски.
Македонија од септември најверојатно ќе може да користи средства од ИПАРД фондовите и за набавка на земјоделска механизација. Сигналите од Брисел на ова наше барање се позитивни.