Министерот Николовски одржа работен состанок со директорите на органите под надлежност и во состав на МЗШВ
Дата на објава:
10 Ноември 2017Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска имаше работен состанок со 13 директори на органите и секторите кои се под надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На состанокот, се анализираа актуелните состојби во земјоделските сектори. Присутните директори, секој поединечно ги елаборираа начинот на работа и идните планови за подобро функционирање.
Министерот Николовски посочи дека со цел да може тековно да се следи работата на сите сектори и органи во составот на МЗШВ, како и да се обезбеди помош, соработка и целосна поддршка од МЗШВ и Владата на Република Македонија, договорено е секој понеделник да се одржува колегиум со раководителите на секторите во министерството, а секој петок министерот, заменикот министер и државниот секретар на МЗШВ да одржуваат состанок, на кој по потреба ќе ги повикуваат директорите на Агенциите, Управите, Инспекторатите и Јавните претпријатија под надлежност на МЗШВ.