Објавен јавниот оглас за мерките од Програмата за рурален развој наменети за општините
Дата на објава: 
2 Јули 2018
plate.jpg

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави јавниот оглас за мерките од Програмата за рурален развој наменети за општините. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги повика градоначалниците на сите општини да подготват квалитетни проекти и максимално да ги искористат понудените средства.

„Со ефикасно искористување на овие мерки ќе се решат проблемите со комуналната и патната инфраструктура во руралните средини. Наша цел е да обезбедиме достинствен живот за граѓаните од сите општини, да им овозможиме на младите да останат и да работат во своето родно место“, изјави Николовски.

Со цел поголема искористеност на средствата рокот за аплицирање е продолжен на два месеци и трае до 31 август годинава.


МЗШВ склучи 14 договори за доделување концесии на риби за организирање на рекреативен риболов
Дата на објава: 
1 Јули 2018
logo_mzsv_9.png

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потпиша 14 договори за доделување на концесии на риби за организирање на рекреативен риболов на одделни риболовни води. Со потпишување на договорите, рибите за организирање рекреативен риболов се доделија на концесија на избраните 14 концесионери, за наредниот период од шест години.

Минималниот концесиски надоместок за организирање на рекреативен риболов изнесува најмалку 10% од наплатениот надоместок за вкупно издадените дозволи за годишно ниво.
Постапката за доделување на рибите по пат на концесија е реализирана со Јавен повик и ја спроведуваше Комисија за спроведување на постапка за доделување на рибите на концесија формирана од Владата на Република Македонија.

Додаток за превземање: 

Нови 30 милиони денари за подобри пристапни патишта до нивите
Дата на објава: 
30 Јуни 2018
4.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за поднесување на барања за субвенции преку Програмата за капитални субвенции, а наменети за финансирање на инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште. Со оваа Програма, нови 30 милиони денари заминуваат во капитални инвестиции во руралниот сектор, овој пат, за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја со интензивна земјоделска дејност.


Нов советодавен систем, за поквалитетни услуги за земјоделците
Дата на објава: 
29 Јуни 2018
36358800_10156976992765628_7330278103500980224_n.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на настанот насловен „Советодавни служби и услуги и во земјоделството“ на Факултетот за земјоделски науки и храна.
Целта на настанот е да се информираат претпријатијата и останатите чинители за предлог законската регулатива од областа на советодавните услуги, од кој краен бенефит ќе имаат земјоделците. Посебен фокус беше ставен на новиот предлог Закон за советодавни услуги во земјоделството кој што наскоро откако ќе завршат јавните дебати ќе влезе во владина процедура. Со законот ќе се воспостави ефикасен советодавен систем во земјоделството. Овој систем треба да овозможи зголемување на опфатот на корисниците на советодавни услуги финансирани од страна на државата, подобрување на квалитетот на обезбедените услуги, како и целосна услогласеност на советодавните активности со приоритетите и целите на земјоделската политика.


ЈАВЕН ПОВИК за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации во Република Македонија
Дата на објава: 
29 Јули 2018
logo_mzsv.png

Врз oснова на член 101 став (7) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/2017 и 83/18), член 4 став 2 алинеја 2 и член 12 став 1 од Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ 6/13, 81/13, 181/13, 1/14, 23/14, 136/14, 157/14, 139/15, 215/15, 133/16,76/18 и 100/18), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ МАНИФЕСТАЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Syndicate content