Тече рокот за поднесување барања за субвенциии за млекото предадено во капацитетите од мај до септември годинава
Дата на објава:
8 Октомври 2009Од 5-ти октомври земјоделците можат да поднесуваат барања за субвенционирање на индустриските градинарски култури предадени во преработувачките капацитети, за грозјето предадено во регистрираните домашни винарски визби, за домашно произведениот сертифициран семенски и саден материјал, за произведеното и предадено млеко од мај до септември годинава, како и за одгледани и предадени говеда.
Тече рокот и за аплицирање за финансиска поддршка за гоеници, телиња, набавени приплодни глави говеда, овци, кози, свињи, бројлери и пчелни матици.