Соопштенија

РАСПОРЕД НА ИПАРД ИНФО ДЕНОВИ ЗА ЈАВЕН ПОВИК 01/2012
Дата на објава: 
2 Мај 2012

Врз основа на објавувањето на Јавен повик 01/2012 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2007-2013) Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  согласно Годишниот акционен план за комуникација за 2012 година, во периодот од 03-15 Мај организира инфо денови со цел запознавање со можностите и начините за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013.


Државниот секретар Јашари се сретна со генералниот директор на Oрганизацијата за храна и земјоделство на ОН- ФАО
Дата на објава: 
20 Април 2012
DSC03593.JPG

Во рамки на 38-та сесија на Европската комисија за земјоделство и 28-та ФАО Регионална конференција за Европа, кои се одржаа од 17 до 20 април 2012 во Баку, Азербејџан, државниот секретар на Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство г. Бесир Јашари оствари средба со генералниот – директор на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО, г.Жозе Грацијано да Силва.

 

На средбата се потврди заедничкиот интерес за соработка на полето на безбедноста на храната, одржливото производство и производствените системи, како и искоренувањето на неисхранетоста во светот и развој на земјоделскиот, шумарскиот и прехранбениот сектор.

 

Државниот секретар, г. Јашари изрази благодарност за поддршката која ФАО ја обезбедува за Република Македонија во минатите години и тоа во форма на развојни програми, техничка помош за модернизација на македонскиот земјоделски, шумарски и прехранбен сектор. Заедничка констатација на државниот секретар Јашари и да Силва е со заложба на двете страни, вака воспоставената соработка да продолжи и во иднина.


Министреството за земјоделство објави оглас за давање под закуп на 3642 хектари државно земјоделско земјиште
Дата на објава: 
19 Април 2012

Согласно одредбите од Законот за земјоделско земјиште, денеска, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство објави јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост во 17 региони на целата територија на државава, за вкупна површина поголема од 3642 хектари. Максималната површина за која може да аплицира и да добие еден понудувач е 10 хектари.

 

Од вкупната огласена површина дури 2165 хектари се во Струмичкиот регион, над 606 во општина Гази Баба, во Дебар 296,4 хектари и 155 хектари во Штип. Според дефинираното во огласот, во Кочани слободни се приближно 82 хектари државно земјоделско земјиште, во Струга околу 68, во општина Чаир 62 и во Крушево повеќе од 38 хектари државно земјоделско земјиште кои со овој оглас се нудат во закуп.

 


Потсекторските групи за овошје и зеленчук започнуваат со работа
Дата на објава: 
6 Април 2012
 1.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ЦеПроСАРД во изминативе два дена во хотел Сириус, Струмица, организираше работилница за изработка на Годишна програма за работа на Потсекторските групи на овошје и зеленчук. Работилницата се организира како дел од активностите на компонентата Зајакнување на јавно-приватниот дијалог преку поефикасно застапување на вредносните синџири за свежо овошје и зеленчук и преработен зеленчук, во рамки на АгБиЗ Програмата, финансирана од УСАИД.

Потсекторските групи се составени од номинирани претставници од здруженијата од областа земјоделското производство, преработката на земјоделски производи и трговијата со земјоделски поризводи. Исто така членуваат и претставници со советодавна улога од високообразовните и научни институции од соодветната област на землоделството, како и претставници од здружение на потрошувачи и АПРЗ на РМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дата на објава: 
2 Април 2012

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

за поднесување барање за посетување на прва почетна обука за проценувачи за процена на вредноста на средствата во земјоделството

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на прва почетна обука за овластен проценувач, да поднесат барање за посетување на прва почетна обука за проценувачи на вредноста на средствата во земјоделството.

Додаток за превземање: 

Syndicate content