Новости

Одржан Саемот за земјоделство - Тракторијада
Дата на објава: 
1 Декември 2017
Traktorijada.jpg

 

Денеска во Могила се одржа Саемот за земјоделство - Тракторијада, каде што свое обраќање имаше Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Власте Димковиќ.

 

Во присуство на градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска, на 12 изложувачи и на голем број земјоделци, Димковиќ истакна дека се надева дека овој Саем ќе прерасне во традиционална манифестација на која домашните снабдувачи на земјоделски суровини, опрема и услуги ќе имаат што да покажат и да излезат во пресрет на барањата на земјоделците во насока на модернизација на овој исклучително важен сектор во нашата држава.

 


Министерот Николовски на средба со „Катар Инвестмент Ауторити“ и со катарскиот министер за животна средина и за земјоделство
Дата на објава: 
29 Ноември 2017
kat2.jpg

Во рамки на официјалната посета на Катар, вчера министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, имаше средба со главниот извршен директор на „Катар Инвестмент Ауторити“, Абдула бин Мохамед бин Сауд Ал Тани. На средбата беше разговарано за конкретни проекти во земјоделството, кои се значајни за развој на македонскиот аграр.На покана на министерот Николовски, извршниот директор на „Катар Инвестмент Ауторити“, најави дека многу скоро ќе дојде во посета на Република Македонија.

 

Во текот на вчерашниот ден, министерот Николовски, беше во катарското Министерство за животна средина во кое спаѓа и секторот за земјоделство, каде што оствари средба со Шеикот Фалех бин Насер Ал Тани. На средбата беа презентирани искуствата и технологиите на Катар во областа на земјоделството, кои би можеле да се применат за развој на македонското земјоделство.

 


Министерот Николовски во официјална посета на Катар
Дата на објава: 
27 Ноември 2017
24116659_10156340847295628_156115698_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, од денеска е во официјална дводневна посета на Катар.

Во текот на денешниот ден, министерот Николовски имаше средба со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан Ал Мураикхи.

 

На средбата, министрите разговараа за билатералните односи на двете земји, како и за идните чекори за унапредување на соработката, со посебен акцент на трговската соработка меѓу двете земји.

 

Воедно, денеска, во рамки на посетата министерот Николовски, имаше работна средба и заменик- главниот извршен директор на катарскиот државен фонд за инвестиции „ Хасад Фуд“, г-дин Ал Кувари,  чија што основна дејност е насочена кон ивестирање во секој континент.

 

Министерот Николовски, разговараше со,На средбата, беа претствени низа можности кои беа предмет на интерес на катарската страна , а се од особено значење за развој на македонскиот рурален сектор. Исто така предмет на разговор меѓу двете страни беше и можноста за извоз на македонски земјоделски производи во Катар.

 


Потпишани првите договори за поддршка од неповратни 10.000 евра за млади земјоделци
Дата на објава: 
25 Ноември 2017
mlad zemjodelc1.jpg

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантво се потпишаа првите 60-тина договори од вкупно одобрените 424 договори за Мерката 122 од Програмата за рурален развој  „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.

На официјалното потпишување на првите договори, присуствуваа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, како и директорите и советниците во состав на МЗШВ и од Владата на РМ.

Премиерот Зоран Заев, им порача на присутните млади земјоделци, дека земјоделството ќе биде една од базичните гранки на кои ќе се темели идниот економски раст.


Кривични пријави за седум лица вработени во МЗШВ
Дата на објава: 
24 Ноември 2017

Секторот за внатрешни работи Струмица - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје  поднесе кривична пријава против Г.Л. (52) , В.Ќ. (52), Д.М. (43), С.Н. (39), В.В. (61), Ј.З. (51), сите од Скопје и против В.Г. (58) од Тетово, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 2  во врска со став 1 од Кривичниот Законик  на Република Македонија. 


Syndicate content