Дата на објава:
24 Ноември 2009
Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, утре, 25.11.2009 година ќе организира ИПАРД инфо ден во Велес и Кочани.
Во Велес, презентацијата на можностите, условите и начинот на аплицирање за добивање на пари од предпристапните фондови на ЕУ, Телото за управување со ИПАРД ќе одржи од 10 до 13 часот во салата Бели мугри на Градската библиотека.
Телото за управување, ќе ја претстави ИПАРД Програмата за заинтересираните земјоделци и преработувачи од Кочани од 15 до 18 часот во просториите на Советот на општина Кочани.
Покануваме новинари и сниматели да ги проследат овие настани.