Соопштенија

Пролонгиран рокот за поднесување на барања за субвенции
Дата на објава: 
13 Јуни 2012

На барање на земјоделците и здруженијата на земјоделци Владата на Република Македонија на предлог од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања за 2012 година.

 

Со оваа уредба се пролонгира рокот за поднесување на барања за субвенции и наместо до 20 јуни 2012 година, земјоделците барањата за субвенции ќе можат да ги поднесат до 31 јули 2012 година.

 

Земјоделците побараа продолжување на рокот за поднесување на барања по Програмата поради воведувањето на нов систем на администрирање на директните плаќања во Република Македонија. Во насока на воспоставување на Интегриран систем за администрација и контрола, се изврши интегрирање на софтверот за директни плаќања со софтверот на Единствениот регистар на земјоделски стопанства, при што се овозможи значајно намалување на документите кои барателите ги доставуваат во прилог на барањата.

 


Реакција на Министерството за земјоделство на изјавата на Зоран Шапуриќ од Либерално-демократската партија
Дата на објава: 
12 Јуни 2012

Зацртаните политики на континуирана и зголемувачка поддршка на земјоделството и руралниот развој на Владата на Република Македонија ги даваат своите резултати.  Нив може да не ги види само тој што не го разбира секторот или работите сака да ги прикаже поинаку.

 


Почнува реализацијата на израелските проекти за развој на руралниот туризам во струшко и за семепроизводство
Дата на објава: 
29 Мај 2012
P5290049.JPG

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска одржа работен состанок со експерти за рурален туризам  и за производство на семе и саден материјал од Израел. На состанокот беше означен  техничкиот почеток на реализацијата на проектите за развој на руралниот туризам во струшкиот регион и проектот за производство на сертифициран семенски и саден материјал во Свети Николе.

 

На состанокот со министерот Димовски присуствуваа и Нина Леман, координатор на израелските проекти во Република Македонија, Гиора Теслер израелски експерт кој раководи со проетот за семепроизводство во Свети Николе и Офер Саш – Директор на центарот за меѓународна развојна соработка во земјоделството.

 


Соопштение
Дата на објава: 
22 Мај 2012

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамките на активностите предвидени со проектот „Зајакнување на подготвеноста за справување со шумски пожари“ спроведува четири регионални работилници поточно тренинг процес на тренери и тоа на тема:

  • Интегрирано управување со пожари
  • Техники за контрола на шумските пожари

Целта на работилниците, а и на помошта од проектот е зајакнување на капацитетот на национални управни и оперативни тела одговорни за справување со шумските пожари.

Додаток за превземање: 

Македонското земјоделство останува на определбата за продукција на здрави, еколошки производи
Дата на објава: 
15 Мај 2012
 органско.jpg

Македонија ќе продолжи максимално да ги искористува компаративните предности за органско производство, правната рамка во овој дел е веќе поставена, а финансиската поддршка постојано се зголемува. Се што беше сработено во оваа насока од 2007 година се трансформира во огромен резултат, рече денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

Отворајќи ја конференцијата за органско производство на Институционалната мрежа на министерствата за земјоделство од медитеранските земји (МОАН), Коњановски напомена дека Македонија и натаму е лидер по органско производство во регионот. Доделувањето дополнителни 30 отсто субвенции директно влијаеше за позиционирање на државата на картата земји кои сериозно го поддржуваат и се повеќе го развиваат концептот на органско земјоделство.


Syndicate content