Јавна дебата за Предлог Националната програма за земјоделство и рурален развој 2018-2022
Дата на објава: 
16 Јануари 2018
jr mzsv2.jpg

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска се одржа третата јавна дебата за Предлог 5 годишната Национална програма за субвенционирање.На работниот состанок учествуваа претставници од земјоделските здруженија, стопанските комори и фирми, кои имаа можност да го искажат своето мислење и да дадат предлози за подобрување на предвидените проекции на државната поддршка во следните пет години.

Националната Програма е за периодот 2018- 2022 година, и истата е основа за наредните Годишни Програми и може да се ревидира на три години. Програмата е донесена врз основа на Законот за земјоделство и рурален развој, а целта на истата е развој на македонското земјоделство преку имплементирање на нови технологии, инвестиции, зголемена конкурентност.


ЈАВЕН ПОВИК БР. 01/18 за запишување во евиденција на Локалната акциона група (ЛАГ)
Дата на објава: 
12 Јануари 2018

Согласно член 89 став 6 од Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17) и член 4 од Правилникот за поблиски услови за запишување во евиденцијата на Локална акциона група, постапката за упис, потребната документација и начинот на водење на документацијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/13, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува

ЈАВЕН ПОВИК БР. 01/18

за запишување во евиденција на Локалната акциона група (ЛАГ)

I.ПРЕДМЕТ

Предмет на овој Јавен повик е доставување на барања за запишување во евиденцијата на Локалната акциона група (во понатамошниот текст: ЛАГ), со цел поттикнување на локален развој на рурални средини, согласно член 89 став 6 од Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17) преку мерките наменети за поддршка на:

 

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Николовски:Со ревизијата на доделеното државно земјоделско земјиште,ќе ја вратиме земјата кај вистинските земјоделци
Дата на објава: 
11 Јануари 2018
26230540_2088387424716119_4975693926073078031_n.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, посебната советничка за земјоделство на Претседателот на Владата на РМ, Ленче Николовска, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, вчера вечерта присуствуваа на заедничка трибина со земјоделци од скопското село Љуботен.

На трибината се разговараше за моменталната состојба во земјоделството, за проблемите со кои се соочувале земјоделците од овој регион во изминатите години, како и за идните политики на Владата за развој на земјоделскиот сектор. Земјоделците имаа можност да поставуваат прашања до присутните претставници од Владата.


Владата формираше Комитет за земјоделство и безбедност на храна
Дата на објава: 
5 Јануари 2018
39471008702_58df434136_b.jpg

Владата донесе одлука за формирање на Комитет за земјоделство и безбедност на храна. Комитетот се формираше на предлог на Канцеларијата на Претседателот на Влдата на РМ.Со работата на Комитетот ќе раководи претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како претседател на Комитетот. Овој Комитет ќе има задача да ја следи реализацијата на мерките и проектите од областа на земјоделството, безбедноста на храната и ветеринарната заштита на животните. Исто така Комитетот ќе дава насоки и предлози заради подобрување на состојбите во агросекторот и безбедноста на храната.

Со формирање на овој Комитет земјоделците и агробизнисмените, добиваат уште едно силно владино работно тело кое ќе биде во функција на нивното работење, решавање на проблемите во овој сектор, но и потенцирање на  европските перспективи на македонскиот аграр.


МЗШВ ги плати долговите за членарини за претходни години во меѓународните организации ФАО, ЕППО и ОИВ
Дата на објава: 
25 Декември 2017

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство плати 137 илјади евра по основ на заостанати долгови за претходни години за  неплатени членарини во меѓународни организации.

Станува збор за долгови за членарини во Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО), Меѓународната организација за вино (ОИВ), Европската и медитеранска организација за заштита на растенија (ЕППО).

За членарини за заостанати години за ФАО, МЗШВ минатата недела плати близу 50 илјади евра. Членството во оваа организација е од исклучителна важност за Македонија, бидејќи токму преку ФАО се спроведуваат клучни проекти за македонското земјоделство, како што проектот за консолидицација на земјоделското земјиште, за реонизација на земјиштето според почвените карактериските, како и поддршка за полесен пристап до меѓународниот финансиски инструмент, Зелен климатски фонд.


Syndicate content