Oтворен саемот ״ Зелена недела во Берлин ״
Дата на објава: 
15 Јануари 2010
STAND 3 SO BESIR I AMBASADOROT.jpg

Од денеска, до 24 јануари, во Берлин Германија ќе се одржи 75 меѓународен саем за земјоделство ,,Зелена недела,,. Македонската делагација предводена од државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари,  со компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор, на учеснците и посетителите на оваа реномирана саемска манифестација ќе им ги претстават потенцијалите на Република Македонија од областа на акросекторот.


Јавен ОГЛАС бр. 01/10
Дата на објава: 
14 Јануари 2010

Врз основа на член 21 од Законот за земјоделско земјиште (Службен весник на РМ бр. 135/07), по Одлуката бр.22-370/1 од 12.01.2010 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 01/10

за давање во закуп на земјоделско земјиште

во државна сопственост до 10 ха


Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата за регионот Гевгелија за површина од 210 ха 09ари 76м2


Додаток за превземање: 

Одредени приоритите за чистење на речните корита и одводните канали
Дата на објава: 
12 Јануари 2010
zimako cistenje na kanali izjavi 007.JPG

Координативното тело на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска ги договори активностите за чистење на речните корита и одводните канали во зимско-пролетниот период.

 

Министерството оваа пролет ќе го реализира чистењето во должина од 38.096 метри и тоа во општините Другово, Кавадарци, Тетово, Брвеница, Пласница, Битола, Богданци, Василево, Гевгелија, Кичево, Зајас, Македонска Каменица, Струга, Прилеп, Крива Паланка, Дебарца, Радовиш, Долнени и Ресен, најави на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. За есенскиот дел предвидено е чистење на повеќе од 20 километри од одводните канали и речните корита.


Акцијата за чистење на речните корита и на одводните канали продолжува и годинава
Дата на објава: 
9 Јануари 2010
100_1758.JPG

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при посетата на општина Петровец  изврши обиколка на одводната каналска мрежа.По претходните акции за чистење на приоритетната главна и секундарна каналска мрежа беше констатирано дека проблемите со поплавувањето во најголем дел се решени.Годинава ќе се исчистат околу 50 километри одводна каналска мрежа или речиси 50 отсто повеќе од лани.За оваа намена се обезбедени 40 милиони денари, а приоритетите каде ќе се чисти  ќе ги одредат водостопанствата и локалната самоуправа. Тендерот за најповолен изведувач треба да биде објавен до крајот на овој месец.

 


Соопштение
Дата на објава: 
8 Јануари 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, утре, сабота, 9.01.2010 година, во 10 часот, ќе ги обиколи одводните канали во општина Петровец и ќе го презентира планот за чистење на речните корита и каналите во 2010 година.

 

Поаѓање во 10 часот од просториите на општина Петровец.


Syndicate content