Дата на објава:
21 Февруари 2010Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска беше во општина Новаци и заедно со градоначалникот Лазар Котевски во обиколка на поплавените земјоделски површини.
На самото место е констатирано дека водите од Црна река се во опаѓање,подземните води се повлекуваат,а поради северниот ветер кој оневозможува брзо топење на снегот не се очекува нагло зголемување на водостојот на реките.Помалите реки од овој регион исто така немаа зголемување на водостојот.
Состојбата и натаму се следи и доколку има потреба ќе бидат вклучени и екипи на регионалниот центар за справување со кризи кој со пумпи и механизација ќе интервенираат на терен.Механизацијата која ја поседува водостопанското претпријатие исто така ќе биде вклучено по потреба.За овој регион обезбедени се и вреќи со посекок што треба да помогнат во спречувањето на излевање на водите