Соопштенија

Пролонгиран рокот за поднесување на барања за субвенции

Владата на Република Македонија на предлог од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе Програма за изменување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2012 и Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања за 2012 година.

 

Со измените во Програмата и Уредбата се пролонгира рокот за поднесување на барања за субвенции и наместо до 31 јули 2012 година, земјоделците барањата за субвенции ќе можат да ги поднесат до 30 септември 2012 година.

 

Продолжениот рок за поднесување на барањата за субвенции ќе придонесе за целосен опфат на земјоделските стопанства во процесот на поднесување на барања.


Известување до јавноста по повод невистините изнесени на денешната прес - конференција на ЛДП

Во насока на објективно информирање на јавноста, како министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се чувствуваме одговорни објективно да ја информираме јавноста поради неточните информации кои беа презентирани на денешната прес-конференција на Либерално демократската партија.

Изјавите во медиуите од страна ЛДП се целосно невистинити и најостро се деминатираат:

Според официјалните статистички податоци од Државниот завод за статитсика во привите 4 месеци во 2012 година извозот бележи пораст од 4,3 %, со реализиран извоз од 134 милиони евра во споредба со истиот период од 2011 година 128 милиони евра.

Најизвезувани земјоделски производи во периодот јануари – април 2012 се:

-       тутун (тони во количина од 6 303 и вредност од 24 милиони евра и во споредба со истиот период од 2011 зголемен е извозот за 33,6%),

-       вино од свежо грозје  (во количина од 49 000 хл и вредност од 19,7 милиони евра и во споредба со истиот период од 2011 зголемен е извозот за 46,7%),


Резултати од полагање на стручен испит за проценувач од областа - земјоделство
Дата на објава: 
5 Јули 2012

Во прилог се резултатите од писмениот и устен дел на стручниот испит за проценувач од областа - земјоделство одржани на ден 03.07.2012 година.

Додаток за превземање: 

Соопштение
Дата на објава: 
29 Јуни 2012

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, и Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе престојуваат во работна посета на Општина Прилеп. За време на посетата ке се сретнат со Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители од Прилеп и со здруженија на земјоделци. На состанокот ќе се разговара за текот на исплатата на субвенциите.


Соопштение
Дата на објава: 
27 Јуни 2012

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопштува дека се поништува јавниот Оглас 09/12 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

 

Се поништува јавниот Оглас 09/12 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за регионот Свети Николе, објавен во дневниот печат на ден 27.06.2012 година.


Syndicate content