Новости

Владите на Република Македонија и на Сојузна Република Германија потпишаа спогодба за финансиска соработка 2017 година
Дата на објава: 
20 Декември 2017
vlada.jpg

Денеска, во Владата на Република Македонија, неговата екселенција, амбасадорот на Сојузна Република Германија Томас Герберих и министерот за финансии, Драган Тевдовски, ја потпишаа Спогодбата меѓу Владата на Р. Македонија и Владата на СР Германија за финансиска соработка 2017 година.

Спогодбата опфаќа реализација на два клучни проекти: Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар фаза 2 и Програмата за водовод и канализација фаза 2, чии договори за финансирање исто така беа потпишани денеска од страна на корисниците на грант средствата кои воедно се имплементатори на двете значајни програми.


Прва работилница за градење на капацитети и подигнување на свеста за искористување на можностите на Зелениот климатски фонд
Дата на објава: 
18 Декември 2017
DSC_0921 (1).JPG

Повеќе од 100 експерти, практичари и носители на одлуки од земјата и регионот, кои работат во областа на климатските промени, животната средина и одржливиот развој, се среќаваат денеска и утрево Хотелот Александар Палас во Скопје за да се запознаат со националните и регионалните можности за соработка со Зелениот климатски фонд (ЗКФ).

Дводневната работилница за градење на национални капацитети и подигнување на свеста за искористување на средства од Зелен климатски фонд ја организира Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања како Национален овластен орган за Зелен климатски фонд, со техничка поддршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединети Нации (ФАО) и Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП).

Работилницата е дел од иницијативата на ФАО за поддршка на националната подготвеност за искористување на можностите од ЗКФ, преку градење на капацитетите и подготвеноста на државните институции за искористување на средства од Фондот за ниско-емисион одржлив развој и отпорност кон климатските промени.


Земјоделците со приход до еден милион денари, ќе добијат поврат на персоналниот данок
Дата на објава: 
14 Декември 2017
25360621_10214312655443896_2146952371_n.png

Сите  земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и ќе имаат приход до 1 милион денари во тековната година, персоналниот данок кој во текот на годината им се задржува, на крајот ќе им биде во целост вратен, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на денешната прес конференција за измените на измените на Предлог Законот за персонален данок на доход. Министерот Николовски, посочи дека со оваа законска измена досегашното ослободување до 300 илјади денари приход, ќе се претвори во поврат за земјоделците со основнаа дејност  што имаат приход до милион денари.


Министерот Николовски и DGAgri согласни- итно зајакнување на капацитетите на Платежната
Дата на објава: 
12 Декември 2017
25151978_2075243429363852_4479782424252007537_n.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска имаше работен состанок со првите луѓе на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на ЕУ (DGAgri). На средбата од страна на DGAgri присуствуваа Лиам Бреслин, Ана Новак и Зиго Рутковски, како и директорот на македонската Платежна агенција, Николче Бабовски. Од (DGAgri) упатија јасна порака - итно зајакнување на капацитетите на Платежната агенција за ефикасна искористеност на постојните и акредитација на нови мерки од ИПАРД Програмата. Министерот Николовски посочи дека дека зајакнувањето на капацитетите на ИПАРД управувачкото тело и на Платежната агенција, се високо на агендата на Владата и очекува во иднина да дојде до фазно доекипирање на овие две тела, а подеднакво посветено се работи и на акредитирање на нов мерки од ИПАРД Програмата.


Прва посета на македонска висока делегација на Грузија, предводена од министерот Николовски
Дата на објава: 
12 Декември 2017
24993120_2074829659405229_4364304169886897363_n.jpg

Унапредување на трговската размена, соработка и размена на искуства од областа на земјоделството, модели за справување со елементарни временски непогоди, ова се дел од темите кои беа предмет на разговор при официјалната посета на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на Република Грузија.

Во рамки на посетата Тбилиси, Р. Грузија, министерот Николовски оствари средба со грузискиот министер за земјоделство Леван Давиташвили, на која двајцата министри ги презентираа актуелните состојби во земјоделството. Министерот Николовски го запозна министерот Давиташвили, со политиките на македонската Влада за развој на агро- сектор и проблемите со кои се соочува Македонија во овој сектор.

Од друга страна, министерот Давиташвили, ги образложи искуствата на Грузија за унапредување на земјоделството и можностите за поголема соработка со Македонија, на полето на увоз/извоз на земјоделско-прехрамбени производи.


Syndicate content