|
„Зелена Недела“, Берлин -Со унапредување на глобалното сточарско производство до решавње на проблемот со глад и сиромаштија
Дата на објава: 20 Јануари 2018Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска на „Глобалниот форум за храна и земјоделство“, во Берлин, заедно со присутните 70 министри за земјоделство, ги усвоија заклучоците од заедничиот извештај-„Коминике2018“ за „Обликувањето на иднината на сточарството – одржливост, одговорност и ефикасност“.
Министрите за земјоделство од целиот свет беа согласни дека сточарското производство на глобално ниво ќе треба да одговори на зголемената побарувачка на ефикасен и одржлив начин и ќе мора да ја подобри профитабилноста на фармерите. На пленарната сесија беше потенцирано дека сточарството како гранка има голема улога во борбата против гладот и намалувањето на сиромаштијата.
Министерот Николовски потпиша свечена изјава за поддршка на Европската декларација за развој на производство на соја без ГМО
Дата на објава: 19 Јануари 2018Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во рамки на саемот „Зелена Недела“, во Берлин, Сојузна Република Германија, на формалната церемонија за потпишување на Европската декларација за соја, организирана од страна на министерот за земјоделство на Унгарија, г-дин Шандор Фазекеш, потпиша свечена изјава, со која Македонија дава поддршка на оваа Европска декларација за соја.
Потписници на заедничката Декларација се Австрија, Хрватска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Луксембург, Холандија, Полска, Романија,Словачка и Словенија. Со оваа декларација се дава поддршка на зголеменото производство на соја и други легуминозни култури за храна и добиточна храна, како придонес за развој на поодржливи и поеластични земјоделски системи во Европа, како и поддршка на Агендата 2030 на Обединетите Нации и Стратегијата за одржлив развој на Европската унија.
Албански и американски бизнисмени заинтересирани за соработка и инвестиции во македонското земјоделство
Дата на објава: 18 Јануари 2018Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Нефрус Челику, денеска имаше работен состанок со бизнисмени, членки на комори, претставници на банкарскиот сектор и финансиски институции од Соединетите Американски држави и од Република Албанија. На состанокот присуствуваа и македонски фирми од областа на консултантски услуги, како и претстваници од банкарскиот сектор.
Од македонска страна, на состанокот беше презентирана моменталната состојба во македонското земјоделство, расположливите земјоделски површини,состојба со откупни центри и можност за купување на истите, број на добиток, проиозводство, стартешки гранки, начинот на финансиска поддршка во земјоделството, политиките на Владата за развој на овој сектор, како и можностите за инвестирање во областа на земјоделството во Република Македонија.
Државниот секретар Челику, посочи дека денешниот состанок е значаен бидејќи претставува потенцијална можност за долгорочна и соработка во спроведување на идните успешни проекти кои се од взаемен интерес.
Министерот Николовски во официјална посета на најголемиот светски саем за храна и земјоделство „Зелена Недела“ во Берлин
Дата на објава: 17 Јануари 2018Од денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, е во петдневна официјална посета на најголемиот светски саем за храна и земјоделство „Зелена Недела“, во Берлин, Сојузна Република Германија. Се работи за саем со долга традиција од 1926 година, на кој што своите производи ги изложуваат фирми од целиот свет, поради што доаѓаат повеќе од 400.000 посетители. Целиот настан е во организација на Министерството за храна и земјоделство на Сојузна Република Германија, во рамки на кој што се одржува и Форум за храна и земјоделство.
Годинава на саемот ќе учествуваат околу 90 министри за земјоделство од целиот свет, еврокомесарот за земјоделство и рурален развој на Европската унија, Фил Хоган, но и директори на меѓународни институции како Светска банка, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации, меѓународни организации за земјоделство и други.
Расте откупната цена на тутунот, се интензивираат инвестициите во тутунската индустрија
Дата на објава: 17 Јануари 2018Просечната откупна цена на тутунот од реколтата 2017-та достигна 212,7 денари за килограм. Откупот на тутун е во завршна фаза и се очекува да заврши до крајот на месецот. Досега според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство се откупени повеќе од 19,4 милиони килограми тутун во вредност од близу 60 милиони евра. Тутунот годинава е со добар квалитет, кај компаниите има интерес за откуп и засега нема пријавено проблеми во однос на проценката на класите.
Производството на тутун е стратешка култура на Република Македонија, со извоз во вредност од 100 милиони евра годишно.Во просек годишно откупот на тутун е околу 25 милиони килограми, со вредност од над80,5 милиони евра.
Тенденцијата на Владата е да се зголеми побарувачката на тутунот со зголемување на конкурентноста на пазарот преку влез на нови откупувачи на пазарот и инвестиции во тутунската индустрија, што крајно ќе влијае и врз зголемување на откупната цена на тутунот.
|
|
|