Дата на објава:
3 Март 2010Нема опасност од излевање на Вардар во Полошко и состојбата се следи деноноќно, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупо Димовски при посетата на селата Мало Турчане, Гостиварско, и Ротинци, Тетовско.
Делегацијата составена од членови на Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Министерството за транспорт и врски ги посети местата каде Вардар директно се заканува со поплавување.
- Ситуацијата е стабилна. Водостојот на реката е со зголемено ниво, но не е во фаза за да се прелее во нивите. Можно е заезерување на земјоделските површини поради високото ниво на подземни води. Таа појава ќе биде краткотрајна, рече Димовски.Се следи и состојбата со водотеците од Шар Планина и доколку дојде до зголемен доток ќе се реагира брзо.По стабилизирање на водостоите со Акцискиот план на Министерството за земјоделство се предвидува чистење на каналот од селото Радиовце до Бистрица во должина од 5,5 километри.