Дата на објава:
6 Април 2010Радува фактот што во нашава земја постојат и преработувачки капацитетеи и земјоделско производство кои што се извозно ориентирани и ги исполнуваат строгите европските стандардите.Како добар пример е и овој земјоделски капацитет истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при посетата на ,,Рудине ММ,, во Делчево.
При посетата на овој млекопреработувачки капацитет министерот Димовски со менаџерскиот тим беше разговарано и за повеќе актуелни теми во млекопроизводството и во овоштарството.
На новинарско прашање,зошто има малку апликации за финансиските средства од ИПАРД Програмата од делчевскиот регион,министерот посочи дека иако е завршен првиот оглас,министерството продолжува со информативните трибини и со едукација на теренот со цел да им се помогне на земјоделците кои сакаат да инвестираат во модернизација на сопственото производство.Тие активности ќе бидат интензивирани во регионите каде што по првиот оглас одзивот беше послаб