Министерот Димовски учествуваше во порибувањето на Охридското Езеро
Дата на објава: 
19 Април 2010
Poribuvanje 100.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, во Охрид присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со ендемичниот вид охридска пастрмка и во акцијата за уништување на рибарската опрема запленета од страна на рибочуварската служба.

 

Во водите на езерото беа пуштени 200 илјади единки охридска пастрмка од минатогодишниот мрест одгледани по вештачки пат во новоизградените капацитети на Хидробиолишкиот институт во Охрид.


Премиерот Никола Груевски го посети поплавеното место Раотинце каде изминативе два дена надојдените води на Вардар
Дата на објава: 
17 Април 2010

Премиерот Никола Груевски го посети поплавеното место Раотинце каде изминативе два дена надојдените води на Вардар поплавија околу 30 куќи и 200 хектари обработливо засеано земјоделско земјиште.

 


Потпишан Договор за спроведување на Проект за поддршка во управувањето со државното земјоделско земјиште
Дата на објава: 
16 Април 2010
FAO 008.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и Фернанда Гуериери од Организацијата за земјоделство и храна на ОН (ФАО) денеска потпишаа Договор за почнување на Проектот за поддршка во управувањето со државното земјоделско земјиште.

 

Станува збор за двегодишен Проект вреден 340.000 американски долари, во чии рамки ќе се изврши преглед и ревизија на политиките и на Законот за управување со земјоделско земјиште во државна сопственост со цел обезбедување поголема транспарентност и подобрување на механизмите за давање на државното земјоделско земјиште под закуп.

 

Проектот ќе придонесе за подобрување на управувањето со земјоделското земјиште, за поефикасно водење на  земјишната политика и за подобро функционирање на пазарот со земјиште.

 


Министерот Димовски ги посети поплавените места во општина Јегуновце
Дата на објава: 
16 Април 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и директорот на Управата за водостопанство Методија Томески ги посетија населените места во општина Јегуновце.

 

Посетата на општина Јегуновце е реализирана поради зголемениот водостој на реката Вардар и поплавувањето на неколку дворни места во куќите и на земјоделско земјиште.

 

Причина за поплавите се интензивните врнежи од дожд во изминатите двасет и четири часа. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во координација со надлежните институции и со Центарот за управување со кризи ја следи состојбата на терен и презема соодветни мерки и активности


Јавна расправа за Прирачникот за добра земјоделска пракса
Дата на објава: 
15 Април 2010

Експертски тим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со техничка и експерстка помош од Проектот за подршка на подготовките за ИПАРД- СИПП, ги изработи Правилникот, кодексот и прирачникот за воведување на Добра земјоделска и хигиенска преакса. На јавната расправа која се одржа неделава, а на која присуствуваа  и претставници од невладиниот сектор,земјоделските здруженија и науката, беше истакнато дека во овие три документи се содржани одредби кои се во согласност со европската легислатива и  националното законодавство кое се однесува на воведувањето на Добрата земјоделска пракса.

 


Syndicate content